Бизнис

СДСМ: Наместо 600 евра минималец, Владата понуди 1.660 денари усогласување

СДСМ оценува дека работниците не се приоритет на Владата и дека наместо повисоки плати, фокусот е ставен на тендери и привилегии за функционерите. Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат достоинствена минимална плата и реално подобрување на животниот стандард. 

СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека ги изиграла работниците, откако наместо најавено зголемување на минималната плата, било направено само законско усогласување од 1.660 денари. Од партијата велат дека со ваквото ниво на минимална плата работниците се доведени на раб на егзистенција, бидејќи не можат да ги покријат основните трошоци за храна, сметки и живот на своите семејства. Според СДСМ, ветувањата за минимална плата од 600 евра останале нереализирани.

Во соопштението се наведува дека Владата има средства за, како што велат, луксузирање со владиниот авион, набавка на мебел и службени возила, како и за „криминални тендери“, но нема пари за зголемување на примањата на работниците. Посочуваат и дека во Буџетот и натаму стои ставка од 124 милиони денари за авионот.

СДСМ оценува дека работниците не се приоритет на Владата и дека наместо повисоки плати, фокусот е ставен на тендери и привилегии за функционерите. Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат достоинствена минимална плата и реално подобрување на животниот стандард.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top