Бизнис

Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

Над 40 компании  учествуваа на работилници за примена на вештачка интелигенција во бизнисот

– Како вештачката интелигенција да се стави во функција на реални, мерливи и одржливи деловни резултати беше во фокусот на работилниците што ги реализираа Семос Едукација и Македонско-Германското стопанско здружение, отворајќи ја темата за тоа дали компаниите навистина поседуваат капацитет и практична подготвеност за ефективно да ја применат вештачката интелигенција. Во време кога интересот за AI расте побрзо од подготвеноста на компаниите да го искористат нејзиниот потенцијал, потребата од доверлив и стратешки партнер станува одлучувачка. Токму тука Семос Едукација се издвојува како релевантен партнер за AI трансформација и лидер во AI едукацијата, кој не зборува за иднината на бизнисот само теоретски, туку ја гради преку знаење, експертиза и конкретна примена.

Работилниците на тема „AI во бизнисот – алатка или тренд?“ беа осмислени да им дадат на компаниите јасен одговор на суштинското прашање: како да престанат да експериментираат со AI и соодветната примена да им стане двигател на продуктивност, ефикасност и конкурентност. Преку посебни сесии за производствени компании и за компании од услужниот сектор и трговијата, Семос Едукација понуди практична рамка за реална и одговорна примена на вештачката интелигенција.

Заклучокот што јасно се наметна од работилниците беше недвосмислен: Не ја користете вештачката интелигенција како Google 2.0. Компаниите што ќе ѝ пристапат површно ќе останат на ниво на експериментирање, додека оние што ќе ѝ пристапат стратешки, со правилна едукација и јасна методологија, ќе создадат реални деловни вредности, поефикасни процеси и посилна пазарна позиција.

„Заради големото меѓународно искуство што го имаме во сертифицирани обуки за примена на AI, улогата на Семос Едукација денес е трансформациска. Како пионер во развојот на дигитални и AI вештини, имаме капацитет не само да ги обучиме тимовите, туку и да им помогнеме на компаниите да ја претворат вештачката интелигенција од концепт во конкретна деловна вредност. Во средина во која многумина зборуваат за AI, а малкумина знаат како навистина да ја воведат во организациски контекст, Семос Едукација е подготвен и релевантен партнер за AI трансформација“, вели Валентина Тасева, генерален директор и сопственик на Семос Едукација.

Своите искуства и знаења со учесниците ги споделија Елена Димовска, раководител на секторот за анализа на податоци и АI во Семос Едукација, која се осврна на техничките предуслови и организациската подготвеност за AI имплементација, Кристина Тасева, специјалист за AI имплементација, која презентираше конкретни насоки за проценка и поддршка на компаниите при имплементација на AI, како и Дане Тодоровски, тренер и бизнис консултант, кој ја истакна деловната перспектива и ефектите што компаниите можат да ги постигнат преку правилна и стратешка примена на вештачката интелигенција.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top