Бизнис

„Тиквеш“ го унапредува одржливото лозарство преку партнерство со лозарите, знаење и иновации

Во рамки на долгорочната платформа за стратешката соработка со лозарите, Винарската визба „Тиквеш“ ја одржа традиционалната годишна средба со своите кооперанти, која годинава беше посветена на развојот на одржливото лозарство и примената на современи технологии и практики што овозможуваат производство на поквалитетно грозје, поефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на биодиверзитетот и поголема отпорност на лозовите насади на климатските промени.

На средбата, на која присуствуваа речиси 100 лозари од тиквешкиот регион, беше истакната соработката како клучен фактор за обезбедување одржлив развој и беа споделени искуства за современите пристапи за мониторинг и управување со лозовите насади, базирани на научни анализи, дигитални технологии и прецизно лозарство. Во обраќањето пред присутните лозари, претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, истакна дека одржливото лозарство претставува еден од клучните предуслови за долгорочниот развој и конкурентност на ВВ „Тиквеш“ и на целата македонска винска индустрија.

  • „Производството на секое врвно вино започнува во лозјето. Без континуирано инвестирање во знаење и современи технологии, како и без соработка и партнерство помеѓу нас – производителите на вино и вас – лозарите, не можеме да се надеваме на долгорочен развој на целокупната винска индустрија. Нашата заедничка цел не е само да произведеме поквалитетно грозје денес, туку заедно да изградиме лозарство што ќе биде поотпорно на климатските промени, поефикасно во користењето на природните ресурси и одржливо на долг рок. Само така можеме да го зачуваме и дополнително да го унапредиме угледот на македонските вина на светските пазари, што е единствениот пат по кој треба да се движиме и кој носи придобивки за сите“, истакна Јаневски.

Во рамки на средбата се разговараше за неопходноста да се применува пристап заснован на податоци, континуиран мониторинг и прецизни анализи при управувањето со лозовите насади. Целта е навремено носење одлуки што придонесуваат за подобар квалитет на грозјето и поодговорно користење на ресурсите. Истовремено, средбата беше искористена за запознавање со најсовремените техники за ѓубрење на лозовите насади и за управување со лисната маса, понатаму со правилната и навремената заштита од болести и штетници, како и со правилното и прецизно одредување на потребна количина на вода и други практични детали кои се особено важни во процесот на наводнување на насадите.

Според Александра Ристова, раководителка на Одделот за управување со лозови насади во ВВ „Тиквеш“, современото лозарство бара комбинирање на долгогодишното искуство со најновите научни сознанија и технологии.

  • „Климатските промени веќе не се предизвик на иднината, туку реалност со која лозарите се соочуваат секоја сезона. Затоа сè повеќе се потпираме на податоци, мерења и современи технологии што ни овозможуваат прецизно да управуваме со лозовите насади. Нашата цел е да произведеме грозје со врвен квалитет, но истовремено да ја намалиме потрошувачката на вода, енергија и заштитни средства и да ги зачуваме природните ресурси. Веруваме дека токму ваквиот пристап претставува стандард за одржливо лозарство и најголемата придобивка и за лозарите и за целата винска индустрија“, истакна Ристова.

„Тиквеш“ посветува посебно внимание на континуираната соработка со лозарите, која претставува еден од клучните столбови на развојната стратегија на винарницата. Само во текот на една година се реализираат над 150 теренски посети на лозови насади, а се спроведуваат и по повеќе од 1000 стручни опсервации, како и бројни анализи на почвата и советодавни активности, обезбедувајќи им на лозарите континуирана стручна поддршка во текот на целата производствена сезона.

Покрај редовната комуникација и едукација, „Тиквеш“ продолжува да инвестира во развој на современи алатки и практики што придонесуваат за производство на висококвалитетно грозје, поголема отпорност на лозовите насади и долгорочно зачувување на природните ресурси и на животната средина. На тој начин „Тиквеш“ не само што создава предуслови за производство на вина со врвен квалитет, туку дава и значаен придонес кон развојот на поодржливо, поконкурентно и поотпорно македонско лозарство и винарство.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top