Бизнис

Треба квалитет, не квантитет: Можно ли е Македонците да останат со дипломи, без работа?!

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Македонија“, организираше конференција посветена на унапредување на практичните вештини кај младите и продлабочување на соработката меѓу компаниите, образовните институции и академската заедница.

Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените кои следуваат, а ние да направиме максимален напор да ги мобилизираме сите наши сили, сè што можеме да искористиме за да имаме квалитативен, повисок одговор на она што ќе ни се случи во блиска иднина – огромна промена во профилот на работната сила, бран на технолошки иновации, изјави Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија која денеска организираше конференција „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“.

Во таква ситуација, како што рече „цунами во најава“, во Македонија ќе треба да се направат исклучително големи промени во високото образование.

  • Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија и треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи. Тоа е нешто што треба да го научиме. Ако во средното образование за дваесетина години работа на реформи дојдовме до ниво  70 отсто деца да се запишуваат во средните стручни училишта, дошло време таа работа да се случи и со универзитетите… Ќе останеме со диполми и без работа. И тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Се надевам дека и Владата има разбирање за тој сегмент, заради тоа што се работи за реформа која досега сме ја немале, порача Пешев. 

Укажа и на се поголемото влијание на вештачката интелигенција која ќе ги диктира професиите и профили на работна сила и притоа укажа дека треба да се внимава со нејзиното користење.
  • Вештачката интелигенција ја споредуваат со огнот.  Тој може да биде извонреден слуга, но ако ние не знаеме да го користиме и контролираме, може да ни се случи да биде многу непријатен господар. Она што најголемиот дел од светските водечки мислители во делот на вештачката интелегенција го говорат е дека светот заостанува во дефинирањето на позицијата на вештачката интелигенција во образовните процеси, редефинирањето на работните места и сето она каде тоа би се нашло, додаде Пешев.

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Македонија“, организираше конференција посветена на унапредување на практичните вештини кај младите и продлабочување на соработката меѓу компаниите, образовните институции и академската заедница.

Целта на конференцијата „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“ беше да отвори суштинска расправа за тоа како стручното и високото образование може да создадат посилен, поконкурентен и подобро подготвен кадар кој му е потребен на реалниот сектор. Преку панел-дискусии беа споделени искуства, добри практики и предлози за подобрување на практичната обука и јакнење на дуалниот модел на образование.

Настанот го отвори извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев кој истакна уште од 2007 година, Комората го постави развојот на човечкиот капитал и реформата на стручното образование како стратешки приоритет. Комората е вклучена во развојот на дуалниот модел на образование, преку кој младите стекнуваат знаења во училиште, но и вештини во компаниите.

Најнови вести од: Бизнис

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top