Бизнис

Тропа ли на врата нова криза и инфлаторен шок?! Надлежните се „крстат“ дека војната брзо ќе заврши

Во услови на криза, Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. Министерката за финансии вели прерано е било што да се прогнозира, но ако конфликтот потрае, со ребалансот на Буџетот ќе има и корекции во проекциите, како за растот на БДП така и инфлацијата за годинава.

Ни тропа ли на врата нова криза и инфлаторен шок?! И владата и експертите се „крстат“ дека конфликтот на Блискиот Исток ќе заврши брзо. За сега нема одлука за прогласување на кризна состојба. Министерката за финансии, Кочоска тврди ситуацијата се следи. Доколку министерството за енергетика побара прогласување кризна состојба, ќе се разгледува на Влада.

  • „Ги следиме состојбите, не само ние како министерство кое е надлежно за акцизите и ДДВ-то, туку и другите министерства, Министерството за енергетика кое што е директно надлежно за оваа проблематика, како и министерството за економија кое што во исто време нели е во комуникација со приватниот сектор. На дневна основа се следи. Ќе видиме какви ќе бидат состојбите понатаму. Знаете вие и во самите закони има предвидено во кои услови и кога може да има одредени промени. Така што ќе видиме како ќе се одвива состојбата, соодветно на тоа ќе реагираме“, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од Министерството за енергетика пак тврдат дека во случај да дојде до појава на недостаток во снабдувањето, домашните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност во снабдувањето за граѓаните и стопанството.

  • „Тие се чуваат како безбедносен механизам и не се користат во редовни пазарни услови, туку исклучиво со одлука на Владата, во случај на прогласување енергетска криза или сериозно нарушување на снабдувањето. Во моментов, увозот на нафтени деривати е целосно либерализиран и се одвива непречено, без ограничувања или застои“, велат од министерството за енергетика.

И експертите очекуваат дека за брзо ќе има решение за конфликтот. Во спротивно велат ударот за Македонија ќе биде голем, бидејќи економијата уште се опоравува од претходните кризи.

  • „Доколку конфликтот продолжи на среден рок, веднаш ќе се јави нестабилност на глобалните пазари, како на пазарите на енергенси, така гледате се поместуваат и финансиските пазари, меѓутоа тоа би влијаело и на транспортните трошоци. Преку транспортните трошоци би влијаело и на цените на определени производи кои се обезбедуваат, меѓутоа и на храната. Ние знаеме дека сме увозно зависна земја пред се на енергенси и на храна и сме високо чувствителни на глобалните движења“, изјави универзитетскиот професор Борче Треноски.

Во услови на криза, Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. Министерката за финансии вели прерано е било што да се прогнозира, но ако конфликтот потрае, со ребалансот на Буџетот ќе има и корекции во проекциите, како за растот на БДП така и инфлацијата за годинава.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top