Бизнис

Цената на горивото стабилно висока, до кога?!

Во моментов цената на нафтените деривати е неизвесна. Во текот на претходните неколку денови цената стигна до 150 долари за барел, иако во последните 24 часа се задржува во гранична вредност од 91 долари.

По краткотрајната неизвесност со недостиг на дизел и другите нафтени горива, денеска на сите бензиски станици има гориво.  Само нема гужви, како што вчера вечерта беа забележани на пумпите во градов. Редици автомобили полнеа бензин и нафта синоќа. Некои повозрасни се потсетија на нафтената криза од 70те години на минатиот век кога пак Иран беше во фокусот на вниманието.

Според неофицијални информации некои од бензиските станици во градов ги ограничиле граѓаните на турвање во канистри само количина за 800 денари. Други пак информираат дека тоа се однесувало само за земјотелците кои од моментот на првиот напад врз Иран започнале со сопствено складирање на гориво.

Геополитичките случувања и неизвесноста од состојбата на Орумскиот тесенец ја прави состојбата со цената неизвесна иако и некои од државите во текот на оваа недела донесоа одлуки со кои го заштитија своето производство и извоз, придонесувајќи на тој начин за подигнување на паниката.

Во моментов цената на нафтените деривати е неизвесна. Во текот на претходните неколку денови цената стигна до 150 долари за барел, иако во последните 24 часа се задржува во гранична вредност од 91 долари.

Македонската Регулаторна комисија за енергетика следејќи ги промените на светската берза ги зголеми цените на горивата за максимални 14,27% претходно.

Но, комисијата нема директно влијание врз цената во ситуација за намалување на ценовен шок за граѓаните. Алатките и механизмите се во рацете на министерствата и владата – преку намалување на акцизата, промени во Данокот на додадена вредност, ограничување на маржата, или пак субвенционирање на одредени сектори или користење на државните резерви. Сите овие во претходната енергетска криза македонските влади ги имаат искористено како пакет мерки за ублажуавње на евентуално поскапување.

Во меѓувреме од РКЕ информираат дека ќе продолжи формирањето на цената врз основа на 5 дневното следење на берзанските цени. Акцизата и ДДВ сочинува околу 50–60% од малопродажната цена на горивата кај нас. А тоа подразбирало дека: Ако нафтата остане околу 90–95 $/барел: Тогаш бензин БС-95: ќе чинел околу 85–90 денари/литар,бензинот БС-98: околу 87–92 денари/литар и дизелот околу 80–85 денари/литар.

Оваа пресметка сепак не е таа според методологијата што ја користи РКЕ, туку врз основа на историски осврт – дека бензините биле над 90 денари за литар кога цената на барел нафта на светската берза била преку 100 долари. Според денешните информации од берзите, цената на горивото на Балканот во Македонија е најниска.

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top