Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Цената на суровата нафта денеска повторно ја надмина границата од 100 долари за барел, поттикната од стравувањата за можни нарушувања на испораките преку Ормускиот теснец и теснецот Баб ел-Мандеб, како и од новите тензии на Блискиот Исток.

Меѓународниот репер Брент во попладневното тргување достигна цена од 100,17 долари за барел, што претставува раст од околу 6,5 отсто во однос на претходното затворање. Во исто време, американската сурова нафта WTI се тргуваше по цена од 91,54 долари за барел, што е зголемување од 5,46 отсто.

Растот на цените следува по предупредувањата од Вашингтон и Техеран, како и по информациите за напади врз саудиски нафтени танкери и експлозија на брод во Ормускиот теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе го сметаат Иран за одговорен доколку јеменското движење Хути повторно нападне трговски бродови. Тој најави „голема воена казна“ и за Иран и за Хутите доколку дојде до нови напади.

Во меѓувреме, Хутите соопштија дека извеле воена операција против два саудиски нафтени танкери, користејќи балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги повика Хутите да не се вмешуваат во конфликтот со Иран, додека иранската армија предупреди дека би можела да нападне енергетски објекти низ регионот доколку продолжат американските напади врз иранската инфраструктура.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека извршила напади врз американски воени бази во Кувајт и Јордан, а истовремено наведе дека танкер бил погоден од експлозија во Ормускиот теснец. Според нивните тврдења, уште два брода се откажале од пловидба низ јужниот поморски коридор.

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top