Бизнис

(Видео): Дури 25% од возилата во Европа имаат вградени делови произведени во Македонија

Како членка на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, „Џонсон Мети“ е активно вклучена во иницијативи насочени кон подобрување на извозот, проширување на регионалната соработка и создавање образовен систем усогласен со потребите на бизнисот, како и во промовирањето на политика „нула“ толеранција на корупцијата, креирање мерит систем и јакнење на одговорноста.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески е Боријан Борозанов, директор за европски операции во секторот за чист воздух во „Џонсон Мети“, водечки глобален понудувач на технологии за чист воздух, и генерален директор на „Џонсон Мети“ Скопје. Во разговорот тие се осврнаа на неговата професионалната кариера, како и на развојот на  компанијата „Џонсон Мети“, Скопје.

Борозанов има повеќе од 20 години професионално искуство во меѓународниот менаџмент и лидерски позиции во Европа, САД и Македонија, со значајно искуство и во автомобилската индустрија. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како „Фулбрајт“ стипендист, магистрирал деловна администрација на престижната „Тандербрд“ школа за глобален менаџмент во Феникс, Аризона, САД.

Пред враќањето во Македонија, работел на повеќе одговорни позиции во автомобилската индустрија во Европа, меѓу кои и стратешки планер за производствен отпечаток, како дел од Ротациската лидерска развојна програма на „Делхи“.

Во периодот од 2007 до 2912 година, како раководител на Одделот за услуги на инвеститори во „Инвест Македонија“ (Invest Macedonia), м-р Борозанов придонел за реализација на 12 инвестиции со вкупна вредност од над 100 милиони американски долари, како и за отворање на 2500 нови работни места во синџирот на снабдување во автомобилската индустрија во Македонија.

Во „Џонсон Мети“ доаѓа од компанијата „Аптив Сервисес Македонија“, каде од 2016 година ја извршувал функцијата генерален директор, а бил и дел од тимот што учествувал во  воспоставувањето на новата фабрика на „Делхи Електроникс Систем“ во ТИРЗ Скопје.

Во подкастот, Борозанов зборуваше за „Џонсон Мети“ Скопје-компанија за изработка на катализатори и филтри за автомобили со внатрешно согорување, која е дел од глобалниот систем на „Џонсон Мети“ со седиште во Лондон. Станува збор за компанија со 208-годишна традиција, специјализирана за изработка на катализатори за автомобилската, бродската и хемиската индустрија.

Тој нагласи дека „Џонсон Мети“ е најголема, најпродуктивна и најефикасна компанија во рамките на целиот глобален систем на „Џонсон Мети“, која има 100% македонски менаџмент и македонски инженери. Иако често се перципира како странска компанија, според Борозанов, таа суштински е македонска  компанија со странски капитал. Во тој контекст истакна: „Околу 25% од возилата што се возат во Европа, имаат вградено катализатори произведени во Македонија, а вкупниот број на произведени катализатори во Македонија од отворањето на фабриката во 2009 година до денес изнесува 190 милиони“.

Борозанов го потенцираше и пристапот на компанијата кон човечките ресурси, нагласувајќи дека „Џонсон Мети“ вработува млади инженери без претходно работно искуство и ги развива согласно сопствените потреби. Според него, компаниите не треба да очекуваат кадар подготвен исклучиво од државата, туку и самите активно да се вклучат во процесот на креирање и развој на човечкиот потенцијал.

Тој посочи дека иако компанијата остварува обрт од околу две милијарди, фокусот не е ставен само на раст на компанијата, туку пред сè, на профитабилноста и задоволство на клиентите и вработените. „Џонсон Мети“ е отворена за соработка со Владата, особено во областа на образованието и пренесувањето на добрите бизнис практики.

Како членка на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, „Џонсон Мети“ е активно вклучена во иницијативи насочени кон подобрување на извозот, проширување на регионалната соработка и создавање образовен систем усогласен со потребите на бизнисот, како и во промовирањето на политика „нула“ толеранција на корупцијата, креирање мерит систем и јакнење на одговорноста.

Во поткастот, Борозанов откри и дел од своите лични интереси, истакнувајќи ја љубовта кон спортот, кој за него, претставува значаен фактор за јакнење на тимскиот дух и градење стратегија за успех, и во бизнисот и во животот.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top