Бизнис

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

Развојот на центрите за податоци е неизбежен процес и Владата ќе продолжи да ја насочува државата кон технолошки и економски развој, и покрај противењето од опозицијата, рече премиерот. Христијан Мицкоски оцени дека Македонија не смее да остане надвор од технолошките процеси што се одвиваат во светот.

  • „Јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина“, рече Мицкоски. 

Тој посочи дека центрите за податоци се дел од глобалниот технолошки развој, нагласувајќи дека во нив инвестираат САД, европските и азиските земји. Во тој контекст го спомена и неодамнешното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика заедниците да ја поддржат оваа индустрија поради потенцијалот за економски раст, работни места и пониски даноци. Мицкоски оцени дека Македонија не смее да остане надвор од технолошките процеси што се одвиваат во светот.

  • „Кога ќе видите како функционираат технолошки развиените земји, се враќате со воодушевување. А кога Владата ќе каже да направиме нешто и кај нас, тогаш сте против“, рече премиерот.

Тој повторно ја критикуваше опозицијата, додавајќи дека Владата ќе продолжи со политиките што, како што рече, треба да обезбедат просперитет и подобра иднина за државата. Премиерот потсети дека економијата долг период не можела да застане на здрави нозе, оти СДСМ и ДУИ оставиле три пати повисок долг и обврски на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за што признаваат и советниците блиски на екс-министерот за финансии Тевдовски.

Дека економијата се стабилизира говорат и бројките. Во првиот квартал од 2026, инфлацијата се стабилизирала на 3,7%, за сега да падне на 3,4%, за разлика од 2022 година, кога беше 14,7%, имајќи ги предвид сегашните геополитички ризици и случувањата на глобалните пазари. Македонската економија е стабилна и место за паника нема, рече премиерот. Долгот што сега го плаќа Владата е долг на претходната гарнитура што ја уништија стопанството. Позитивни трендови се забележуваат и на пазарот на труд, со намалување на невработеноста. Заклучно со јуни во Агенцијата за вработување се евидентирани 88.541 активни баратели на работа, односно 62% од газдите бараат нови луѓе, најмногу во трговијата, градежништвото и преработувачката индустрија.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top