Бизнис

(Видео): Нови мерки за стабилизирање на цените, се ограничуваат маржите на ѓубривата

Владата ќе ги ограничи маржите на вештачките ѓубрива. Целта е да се спречи растот на цените, да се помогне на земјоделците и да се стабилизира пазарот. Ресорниот министер Цветан Трипуновски информира дека оваа мерка, која содржи две одлуки, ќе се применува до 31-ви мај годинава. Дополнително, владата воведе и обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива, со цел да се спречат евентуални недостатоци и да се обезбеди редовна достапност.

Влада донесе одлуки за ограничување на маржите и стабилизирање на цените на вештачките ѓубрива на домашниот пазар, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Според него, мерките ќе важат до 31 мај и имаат за цел да се спречи растот на цените и да се поддржат земјоделците и домашното производство.

Со првата одлука се ограничува профитната бруто-маржа на неорганските ѓубрива на најмногу 5 отсто и во трговијата на големо и на мало, додека кај органските и органоминералните ѓубрива, како и биостимулаторите, маржата се ограничува до 10 отсто. Дополнително, се предвидува намалување на продажната цена за 10 отсто на резервите што трговците ги набавиле по претходни, повисоки цени. Воведена е и обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива, при што трговците на мало ќе треба месечно да обезбедуваат најмалку 70 отсто од просечно набавените количини во 2026 година, додека трговците на големо ќе мора да ги снабдуваат малопродажните субјекти со најмалку 70 отсто од просечно продадените количини.

Од Државниот пазарен инспекторат, како што вели Трипуновски, претходно констатирале значителни разлики во маржите, кои се движеле од 15 до 60 отсто, а кај одредени производи достигнувале и до 70 отсто. Министерот Трипуновски посочи дека мерките се донесени по консултации со увозниците и по направени анализи, со цел стабилизирање на пазарот, намалување на трошоците и заштита на домашното земјоделско производство.

  • „Целта е да се стабилизира пазарот, да се намалат трошоците и да се заштити домашното производство. Ако треба, во иднина ќе се преземат и дополнителни мерки во интерес на граѓаните и економијата“, кажа тој.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top