Бизнис

(Видео): ССМ И КСС од јануари заедно на протести за повисок минималец – законското усогласување ќе биде во март

На дебатата се отворија многу теми меѓу кои владината потрошувачка кошничка која нема да се објави во јануари, а со која требаше да се пресмета колку пари се потребни за едно четиричлено домаќинство да го преживее месецот. Како и за стандардот и куповната моќ на граѓаните. Но и за тоа дека во февруари ќе растат функционерските плати за 200 до 250 евра.

Нема договор на неофицијалната седница на Економско-социјалниот совет вчера во емисијата „Бизнис 21“ дали минималната плата треба да се зголеми повеќе од законските околу 30 евра кои работниците треба да ги добијат во март, пренесе ТВ 21. Владата, работодавачите и синдикатите, секој цврсто на својот став. Но, падна договор меѓу синдикалците- Сојузот на синдикати на Македонија  и Конфедерацијата на слободни синдикати, од јануари излегуваат заедно на протести на улица.

  • „Чекаме до 31.12 да се договорат, онака како што ни викаат 18 месеци, ние им даваме време од 18 денови, нема и толку. Владата и работодавачите треба да се договорат кога гледаат дека овие на работниците им прават штета, работниците им се сиромашни на владата не можат да си ги подмират основните сметки, не можат струја, вода да си платат, да не можат да си ги прехранат семејствата и д ане моќат да им купат по едно лижалче и по едно чоколадо на работниците. И ако не, на почетокот на наредната година очекувајте протести и штрајкови“, порача Слободан Трендафилов.
  • „Поддржуваме поддржуваме. Еве сега им подаваме рака, утре како што знаат од ССМ, пред како рековте Сојузот на стопански комори, одма ќе излеземе на протест. Да направиме притисок ајде да се зголеми минималната плата“, вели Благоја Ралповски.

Владата ќе прифати она што ќе договорат работодавачите и синдикатите, а засега останува на ставот за законското усогласување од триесетина евра во март.

  • „Треба да се испочитува законот, донесен на тој трипартитен договор, а надвор од тој закон ако сакаат одредено покачување на плати, што и одговара на Владата, бидејќи ќе имаме и поголеми придонеси во Буџетот, ние тоа ќе го испочитуваме. Меѓутоа пак да кажам, товарот на повисока минимална плата и друг плати, д ане дојде до урамноловка меѓу платите, да бидат задоволни сите вработени, сите работници треба да бидат задоволни, тоа ќе биде на приватниот сектор. Тој ако го издржи тоа, ако го поднеси, ние немаме никаков проблем“, вели Марјан Ристески.

За работодавачите законското усогласување во март е доволно, прифаќаат раст само во одредени дејности. Велат продуктивноста е слаба и со повисок минималец од 30 евра ќе се затвораат фабрики и ќе се отпуштаат работници.

  • „Го бранам ставот дека во овој момент висината на минималната плата во Македонија согласно економските параметри, особено висината на просечна плата е сосема задоволителна, дури и многу повисока во однос на другите држави“, додаде Ангел Димитров.

На дебатата се отворија многу теми меѓу кои владината потрошувачка кошничка која нема да се објави во јануари, а со која требаше да се пресмета колку пари се потребни за едно четиричлено домаќинство да го преживее месецот. Како и за стандардот и куповната моќ на граѓаните. Но и за тоа дека во февруари ќе растат функционерските плати за 200 до 250 евра.

  • „Вие земете ги синдикатите, ова пензионерите колкава е минималната пензија и со колкави пензии живеат. И тие живеат, и тие се снаоѓаат некако. Човек може да има 1.000 евра и тоа да е малку. Вие можете да имате многу и пак да бидете несреќен, а може да имате малку и да имате нормален живот, да знаете да се радувате на малите работи. Има луѓе кои што никогаш не отишле на одмор, а имале можности да отидат. Со нивната математика дека на местото на одмор, ај поарно ќе си ја смениме спалната соба или ќе купиме нов фрижидер. Тоа е прашање на лични приоритети. Имате луѓе кои што возат да речеме Југо 45, а имаат куќа на три ката и тоа е велелепна. А има луѓе кои живеат во едно станче од 50 квадрати, а имаат мерцедес“, вели Ангел Димитров.
  • „Ние имаме повисока минимална плата од една Турција, Бугарија. Бугарија е членка на Европска унија. Имаме повисока минимална плата, имаме од Албанија, од Косово. Значи не сме на дното“, вели Марјан Ристески.
  • „Таа честитка ќе биде дополнета со уште една честитка, а тоа е функционерските плати наредната година ако растат согласно порастот на просечната плата 10 посто на 2.000 и 2.500 евра е 200 и 250 евра. И тоа ќе биде уште поголем пораз“, вели Слободан Трендафилов.

Трендафилов праша зошто се молчи дека функционерските плати во февруари ќе се зголемат за околу 10 проценти и порача дека ќе останат на улица се додека не се зголемат и работничките плати.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top