Бизнис

(Видео): Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година – ќе тежи 6,7 милијарди евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

  • Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст догодина, а позитивен раст се очекува и од приватните инвестиции со уште позабрзано темпо имајќи го предвид интересот за поволната кредитна линија за компаниите, како и приватната потрошувачка поддржана од растот на платите и пензиите – рече Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.

Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.

  • Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг – рече министерката за финансии.

Таа се осврна на остарените стапки на пораст годинава кој изнесуваа над 3 отсто, односно 3,2 отсто во првата половина и 3,4 отсто во вториот квартал. Исто така, рече дека бруто-инвестициите пораснале за 11,7 отсто, приватната потрошувачка за 2,6 отсто, извозот за 5,2 отсто, градежништвото за 2,2 отсто, индустријата за 3 отсто, а земјоделството, иако со најмала стапка од само 1,4 отсто, е сепак најголема во последните две години. Во таа насока рече дека имаме историски најниска невработеност од 11,5 отсто, а во 2026 година се очекува стапката на инфлација да падне на 2,5 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“

To top