Бизнис

Вработените во „Македонска пошта“ ја дочекаа декемвриската плата

По низата протести, Синдикатот на „Македонска пошта“ информираше дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на декемвриската платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени. Во наредниот период целосно ќе застанат во одбрана на правата на вработените и постигнување ефективен договор со менаџерскиот тим за почитување на трудот на поштенските работници.

Синдикатот на „Македонска пошта“ информира дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени.

  • Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и работењето на АД „Пошта“. АД „Пошта“ се наоѓа во ситуација во која ние како Синдикат даваме целосна поддршка во процесот на реформирање на претпријатието со изготвување нова систематизација со цел АД „Пошта“ да се издигне на ниво на конкурентен давател на услуги на пазарот – велат од Синдикатот на „Македонска пошта“.

Додаваат дека и во наредниот период целосно ќе застанат во одбрана на правата на вработените и постигнување ефективен договор со манџерскиот тим за почитување на трудот на поштенските работници.

  • Сметаме дека отворен дијалог со сите засегнати страни е единственото решение да ги оствариме правата на вработените во АД „Пошта“, а претпријатето да ја постигне својата цел како државен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај – потенцираат од Синдикатот на „Македонска пошта“.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

Најнови вести

To top