Бизнис

Забранет пестицид откриен во македонски црвени пиперки извезени во Хрватска

Опасниот пестицид „Метомил“, откриен во 15 тони свежа црвена пиперка извезена од земјава во Хрватска. Пратката која стигнала на 9-ти септември не била запрена од граничната контрола и бил дозволен влез во земјата. По две недели откако бил земен примерок од малопродажната мрежа, утврдено било пет пати поголемо присуството на пестицидот од дозволеното. Пиперките не се вратени во Македонија, нема информации дали се повлечени од продажба или уништени во Хрватска.

Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство. Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.

  • Извозникот има извршено повеќе лабораториски анализи за присуство на пестициди во црвена пиперка од почетокот на берба на годинашната реколта при извоз и продажба, и тоа во акредитирани лаборатории во земјата и во други држави и до овој момент нема добиено резултати за зголемено количество на резидуи од фитофармацевтски производи или присуство на недозволени фитофармацевтски производи, наведува ДИЗ.

Според официјалното известување добиено од Хрватска, во земениот примерок е утврдено присуство на активна материја метомил во количина од 0,049 mg/kg – ppm. Пратката со свежа црвена пиперка e извезена на 09.09.2025 година, а по извршената контрола на граничниот премин при влез во Хрватска не е запрена и дозволен и е влез во Хрватска. Примерокот за анализа е земен на 23.09.2025 година од малопродажната мрежа, а информацијата од RASFF системот е добиена на 03.10.2025.

  • Пиперките не се вратени во Македонија, но немаме информација за постапувањето на хрватските инспекциски служби – дали пиперките се повлечени од продажба или се уништени, потенцираат од Инспекторатот.

Оттаму напоменуваат и дека согласно овластувањата од Законот за Фитофармација, државните фитосанитарни инспектори вршат редовни и вонредни надзори во делот на увозот, дистрибуцијата и употребата на фитофармацевтските средства, односно надзорот се врши при увоз, на граничните премини, во складиштата и во земјоделските аптеки, како и кај крајните корисници – индивидуалните земјоделски производители.

  • Фитофармацевтски производи кои содржат активна материја метомил се забранети за увоз, продажба и употреба, а доколку се затекнат вакви производи кај спомнатите субјекти, се преземаат соодветни санкции. Исто така се вршат контроли и кај индивидуалните производители за видот на фитофармацевтските производи кои ги користат, како и за начинот на апликација, за што секој производител согласно законските прописи е должен да води соодветна евиденција, објаснуваат од ДИЗ.

Во тек е заедничка контрола на Инспекторатот за земјоделство и Агенцијата за храна кај извозникот на пиперките кај кои бил откриен опасниот пестицид.

Најнови вести од: Бизнис

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и технологии

Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Плата од над 2.000 евра за овчар, ама никој не сака да работи – нов скок на цената на храната

Земјоделците се соочуваат со потешкотии, како што се ниските откупни цени, но и недостиг од работна сила. Овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за плата од 2.000 евра. Надлежните велат дека кадар нема ни за лек, посебно млади земјоделци.

Генералното собрание на НФФ: Можност за развој на мали земјоделци и производители

Претседателот на НФФ го претстави и моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласманот на пченица.

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

To top