Бизнис

Земјоделците со ќар од 84,5 милиони евра од продажба на производството

Зголемен откуп, намалено шумско производство и благи ценовни поместувања во агросекторот: анализата на статистиката за трето тримесечје и октомври 2025 посочува на промени во земоделството, раст на трошоците и пад на цените на растителните производи.

Во третото тримесечје од 2025 година, споредено со ланскиот ист период откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 12%. Во истиот период пораснала  и  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство каде што порастот е за 8,8%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, земјоделството и шумарството во Македонија во третото тримесечје од 2025 година бележат различни трендови: силен раст во откупот на земјоделски производи, благо намалување на шумското производство и умерени ценовни промени во агросекторот.

  • Откупот и продажбата на земјоделски производи во периодот јули–септември 2025 година достигнале 5.2 милијарди денари, што претставува зголемување од 10.4 % споредено со истиот период лани. Ова подразбира дека Откупот од индивидуалните земјоделци е зголемен за 12 % И, дека Продажбата од сопствено производство бележи раст од 8.8 %. Бројките укажуваат на стабилизирање на земјоделското производство и пораст на побарувачката на домашниот пазар, сметаат од Државниот завод за статистика.

Во паричен износ вкупно пласманот на земјоделските производи изнесува 5,2 милијарди денари (84.552.000 евра). Од тоа преку откуп се реализирани 2,7 милијарди денари, а остатокот од 2,5 милијарди денари земјоделците ги оствариле со директна продажбата на сопственото производство.

Гледано по групи највисок раст има кај откупот и продажбата во овоштарството од  71,3%, а пад е забележан кај продажбата на риба и на алкохолни пијалаци.

Сиве овие податоци посочуваат на позитивни трендови во откупот на земјоделските производи, но и предизвици во шумарството и во ценовните односи на агросекторот. Зголемените трошоци за производство и намалените цени на дел од земјоделските производи може да создадат притисок врз производителите, иако побарувачката и продажбата остануваат стабилни.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top