Бизнис

Знае ли Филипче кој и зошто (не) лета до Скопје пред да обвинува?

Лидерот на СДСМ удри по власта поради повлекувањето на „Луфтханза“ и „Рајанер“ (?), кој никогаш не летал до и од Македонија

Меѓу лавината критики на адреса на власта лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се истакна и со (не)познавањето на состојбите во авиосообраќајот.

„По ‘Рајанер’, сега се повлекува и ‘Луфтханза’. Изолацијата оди одлично! Со оглед на тоа дека Мицкоски и Тимчо’обезбедија’ граѓаните ова лето да чекаат по 10 часа на граница, сега го губиме и авиосообраќајот – не џабе Мицкоски рече ‘летувајте дома’“, напиша тој на Икс.

Пред два дена вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ побарала 2,5 пати повисока субвенција за да лета до и од Македонија, а неодамна ги затвори своите бази на аеродромите во Виена и во Солун и во моментов е компанија со најмногу откажани летови. Така што „Рајанер“ не се повлекол од Македонија, од проста причина што никогаш не ни влегол на македонскиот авиопазар?!

„Луфтханза“, пак, по три години нема да лета од Франкфурт до Скопје и обратно како дел од планот за кратење на над 20.000 летови до октомври поради превисоките цени на керозинот како последица на војната на Блискиот Исток.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top