Бизнис

Зошто легалните македонски превозници се третираат како криминалци од челниците на Европската Унијата?!

Превозниците по кој знае кој пат пратиле писмо до Европската унија, со кое бараат иземање од новите правила за професоналните возачи. Но одговор се уште не добиле. Затоа, тие в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Точно на пладне, заедно со колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе ги паркираат камионите на транспортните терминали на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

epa08332735 A column of waiting trucks wanting to cross the border between Bulgaria and Turkey, in the village of Kapitan Andreevo, Bulgaria, 25 March 2020. A record number of drivers and their trucks are trapped for nearly a week at the border between Bulgaria and Turkey in poor condition without food, water and sanitary possibilities such a running water and WC. The queue of trucks intending to enter Turkey reached up to 50 kilometers in the past two days because of the slow procedure of checks and medical exams due to the coronavirus Covid-19 pandemic. The Bulgarian authorities are trying to accelerate to procedure but the maximum capacity reached until now is 1,500 trucks passing the checkpoint, Kapitan Andreevo, and everything is in the hands of the Turkish authorities on the other side of the border, an external for the EU. Because of the almost humanitarian crisis on Bulgarian soil, one of the main routes between Western Europe and the Middle East, the Bulgarian Red Cross started to distribute bottles of mineral water and croissants to the trapped drivers. One of them told EPA-EFE that normally he makes the route from Western Europe to Turkey in four days but now the trip seems to last up to 10 days because of the limitations after the coronavirus Covid-19 outbreak. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Логистичкиот конзорциум на Босна и Херцеговина, кој ги претставува професионалните превозници, објави дека се евидентирани 100 случаи на присилно или насилно враќање на професионални возачи од земјите на Европската Унија, како и повеќе од 100 дена поминати во притвор и затвори на земјите-членки на ЕУ. Истовремено надлежните институции на Германија, Австрија, Полска и други земји потврдија дека само вчера се обработени дополнителни 100 нови случаи на присилно враќање. Според Конзорциумот, станува збор за професионални возачи кои се редовно вработени, имаат важечки договори за работа и комплетна документација, но и покрај ова, тие се прогласени за лица кои се „нелегално“ на територијата на одредени земји од ЕУ и се присилно отстранети.

Паралено, превозници од Македонија в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Точно на пладне, заедно со колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе ги паркираат камионите на транспортните терминали на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

Превозниците се незадоволни од новиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната, со кој им се ограничува времето за престој на само 90, односно 180 дена годишно. Транспортерите некогаш транзитираат низ 5,6 држави за да ја испорачаат пратката. Не можат да бројат денови, кога не зависи се од нив, велат од Асоцијацијата на превозници.

  • Не станува збор само за превозниците, за извозните компании, туку штета ќе имаат и странските фирми кои работат во земјата, па и цела економија. Ќе има нарушување на синџирот на испорака на репроматеријали. Голем дел од транспортот чини од 1,500 до 2,000 евра, ќе нема кој да вози и цената ќе порасне најмалку 3,4 пати, изјави Билјана Муратовска, претседателката на „Макам-транс“.

Конзорциумот објаснува дека терминот присилно враќање (депортација) подразбира ситуација во која поединецот, врз основа на формално толкување на престојот или проценка на ризикот, е прогласен за лице со нелегален престој, без оглед на статусот на вработување, договорот за работа и документацијата, и е присилно вратен во матичната земја.

Во последните 365 дена, само во Германија, тврдат тие, 100 професионални возачи се насилно отстранети само затоа што ја извршуваат својата работа во меѓународниот патен транспорт. Конзорциумот истакнува дека станува збор за лица кои не го кршат законот, не бараат азил, не претставуваат безбедносен, миграциски или социјален ризик, туку само извршуваат професионална работа.

Според Конзорциумот, оваа практика претставува директно кршење на основното право на работа и е спротивна на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, меѓународните договори за труд и вработување, принципите на слободно движење на стоки и функционирањето на синџирите на снабдување, како и на разликата помеѓу професионални возачи и туристи или нерегуларни мигранти.

Тие предупредуваат дека продолжувањето на оваа практика ќе има не само секторски, туку и сериозни економски, социјални и стратешки последици за Босна и Херцеговина и ги повикуваат институциите во БиХ да преземат активности за надминување на состојбата.

Превозниците од Западен Балкан најавија дека на 26 јануари ќе ги блокираат границите кон Европската Унија со цел да укажат дека системот за влез и излез од Шенген зоната не треба да важи за професионалните транспортни возачи.

Најнови вести од: Бизнис

Фирмите и инфлуенсерите ќе треба да добијат дозвола за giveaway игрите

Законот ги дефинира и поимите „лајкување” и „тагнување” како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта.

Од држава со една влезна точка за природен гас, стануваме држава со извори на снабдување, вели директорот на НОМАГАС

НОМАГАС, како оператор на националниот гасопреносен систем, има важна улога во енергетската транзиција преку развој на сигурна и модерна инфраструктура која денес обезбедува пристап до природен гас, а во иднина може да претставува основа и за интеграција на нискојаглеродни гасови, вклучително и водород, во согласност со технолошкиот развој и европските енергетски политики.

„Тиквеш“ го унапредува одржливото лозарство преку партнерство со лозарите, знаење и иновации

Во рамки на долгорочната платформа за стратешката соработка со лозарите, Винарската визба „Тиквеш“ ја одржа традиционалната годишна средба со своите кооперанти, која годинава беше посветена на развојот на одржливото лозарство и примената на современи технологии и практики што овозможуваат производство на поквалитетно грозје, поефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на биодиверзитетот и поголема отпорност на лозовите насади на климатските промени.

Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај

Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ градов и уште еден проект кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне и за Гевгелија, тоа е дека воведовме „ONE STOP SHOP“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција

Економисти: Пад на цените во јуни и годишната инфлација од 3,4%, позитивниот тренд се очекува да продолжи

Последниот месец притисокот повеќе не e кај храната, туку и кај транспортот, тутунот, горивата и дел од услугите. Бидејќи сме мала и отворена економија, секој надворешен шок – нафта, енергија, конфликти или нарушени синџири на снабдување, брзо може да се пренесе врз домашните цени. Затоа треба смиреност, но и внимателна економска политика дома, вели експертската фела.

To top