Хроника

Уште едно 20 годишно момче е четвртата жртва во синоќешната трагична сообраќајка

Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков

Завршена е идентификацијата и на последното загинато лице во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци.

Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков.

Според досегашните информации, 76-годишниот возач Б.Б. од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото на обиколницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

Камионот ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобилот „БМВ“ во кој биле четворицата. Од силината на ударот двете возила се запалиле.

Според очевидци и информациите од терен, камионот пробил две банкини, откорнал и улично осветлување, а потоа завршил во провалија. Иако кабината на камионот целосно изгорела, возачот успеал да излезе и да се спаси.

„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле“, соопшти МВР. објави Скопје1.мк

Голема трагедија: Ристе Велков и синот Адам меѓу загинатите на обиколницата

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top