Хроника

Двајца осомничени признале вина за шверцот на марихуаната од Македонија во Србија

Акцијата се случи кон крајот на јануари, кога српската полиција откри и заплени пратка од 5 тони марихуана, која стигнала од Македонија.

Двајца од осомничените за шверцот на петте тона марихуана од Македонија во Србија признале вина и се спогодиле со обвинителството. Едниот добил затворска казна од три години и шест месеци, а вториот добил два месеци повеќе.

  • Во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајца осомничени. Со спогодбите осомничените признаа дека го сториле кривичното дело што им се става на товар. Притоа им се изречени казни затвор во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци, открија од Обвинителството за гонење на органозиран криминал и корупција.

Акцијата се случи кон крајот на јануари, кога српската полиција откри и заплени пратка од 5 тони марихуана, која стигнала од Македонија. Меѓу уапсените беше и Иван Драгниќ, српски државјанин, но и косопственик на фирма во Македонија за одгледување на медицински канабис, со уште тројца Срби.

Станува збор за фирмата АЛПХАПХАРМ ГРОУП ДОО Скопје, која е основана во 2023 година, со основна главнина од 529.050 евра. Компанијата, е регистрирана за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција тогаш отвори истрага за шест лица, од кои двајца признаа вина, поврзани со заплените на марихуана во Северна и Србија. Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top