Хроника

Холанѓанец и Шпанец претепале Арачиновец во Скопје

Напаѓачите се лишени од слобода

Полициски службеници од СВР Скопје привеле двајца странски државјани по пријава за физички напад врз 33-годишен жител на Арачиново. Инцидентот се случил во депо на „Железници на РСМ-Транспорт“ АД-Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година, на подрачјето на општина Аеродром, биле приведени А.Х. (37) од Холандија и Х.Ј.Ц.М. (38) од Шпанија.

Според пријавата, околу 19 часот двајцата физички го нападнале И.Џ. (33) од селото Арачиново, скопско.

По целосното документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести од: Хроника

А.И. (53) пријавил во полиција дека не добил помош од дежурен лекар во Ургентниот центар во Гостивар, иако имал болки, и бил отстранет со обезбедување!

Како што соопштија од СВР Тетово, А.И. (53) од Гостивар вчера во 00:30 часот го пријавил случајот во Полициската станица во Гостивар.

Најнови вести

To top