Хроника

Исчезната скопјанка, семејството бара помош

Лидија Бојчевска последен пат била видена вчера околу 15:15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“. Од тој момент се губи секаква трага

Исчезната е Лидија Велковска Бојчевска која има деменција, а нејзиното семејство вчера објави апел за помош при наоѓање на нивната најблиска.

Според информациите, жената последен пат била видена вчера околу 21 часот во населбата Црниче, а претходно и се губи секаква трага од 15 часот кога била видена во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“.

Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била  облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели линии.

Секој што има било каква информација или ја видел да контактира на телефонскиот број 070/399-945 или да ја информира полицијата.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top