Хроника

Јована го бара Злате, го нема 5 дена

Ако некој го види
нека пријави во полиција или нека се јави на телефон 078550521

Битолчанката Јована Ралевска објави јавен повик преку кој сака да го најде исчезнатиот сопруг за кого нема информации од петокот.

,,Маж ми Злате Дургутовски е исчезнат од 21 август 2026, петок, 19:05 часот, излезе без телефон и без пари. Јас уште во саботата вечерта се загрижив да не нешто лошо му се има случено бидејќи никогаш не заминал без да ни кажи и секогаш се враќал за спиење, му недостасуваат децата. Во неделата вечерта се јавува од телефонот на некој човек кај газдата кај што живееме под кирија во Битола дека е во Штип и е со шината нога и потребна му е помош за карта до Битола. Утредента во понеделникот од сабајлето ми се јави мене да ми каже да дојдам во Штип со двете малечки деца да го земеме во Битола, но бев спречена од газдата кој ми рече дека ако појдам во Штип со автобусот во три, немало за враќање тој ден, јас сум невработена и немам за хотели, кај ќе спијаме, па и како ќе патувам со две деца по жешкото”, пишува Ралевска која вели дека од вчера сопругот не се има јавено воопшто.

,,Вечерта е пријавен за исчезнат, но полицијата вели не е исчезнат само нема телефон да се јави и пари да си дојди, па поради тоа не се знае точно каде е. Денес е среда. Очајно го бараме да се јави и да му организираме превоз да се врати, има две малечки деца што чекаат на него да заработи за јадење, јас сум сама и беспомошна, нема кој да ми ги чува децата, не можам ни да почнам на работа. Ако некој го види во Штип или околината или некое друго место нека пријави во полиција или нека се јави на мојот телефон 078550521 и нека му даде да се јави од телефон да му организираме некако превоз за Битола, бидејќи тој сам не бара никаква помош дури ни за да се јави по телефон. Немам поскорешна слика од оваа, сега би требало да е со малку подолга коса и брада, може и да носи капче”, пишува Ралевска која објавува фотографија од сопругот.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top