Хроника

Камион се преврте и падна во бездна кај Мрежичко, Кавадарци, загина возачот И.К. (56)

Трагична несреќа се случила во близина на кавадаречкото село Мрежичко, каде што животот го загубил 56-годишен возач од Кавадарци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот, при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело и паднало во провалија. Со камионот управувал И.К. (56) од Кавадарци. Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

Во извлекувањето на телото и товарното возило од провалијата учествувале алпинистички тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, полициски службеници од ОВР Кавадарци и припадници на Територијалната противпожарна единица Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за несреќата се утврдуваат.

Најнови вести од: Хроника

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка, тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

Најнови вести

To top