Дел од јавноста и членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) се во шок по завчерашното дсоопштение за јавност на Бихаќка во кое остро беше нападна поранешниот претседател и лидер на партијата Бранко Црвенковски.
Во објавата на СДСМ Црвенковски е опишан како „мумија“ и „балсамиран лик“ што сега се вади од ормарот за да се искористи против актуелното раководство.
Според СДСМ, групата околу платформата ЗНАМ и поврзани лица, кои бараат смени во партијата, „од ормарот го вадат Бранко Црвенковски“.
Во соопштението се тврди дека Црвенковски со години водел бизнис со ВМРО-ДПМНЕ и дека активно помогнал во создавањето на првата верзија на ЗНАМ, која наводно била финансирана од сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека ‚вади коски од минатото‘? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ“, се наведува во текстот.
СДСМ тврди дека сите такви обиди пропаднале. „Како што гледате, не успеаа. Не ја згаснаа и нема да ја угасат. СДСМ ќе биде и ќе остане и по сите такви ликови“, се вели во соопштението.
Партијата го поврзува враќањето на Црвенковски со пошироко сценарио за создавање на „ЗНАМ 2.0“, во кое наводно се обидуваат да постават послушни кадри и да ја преземат контролата врз опозицијата.
Црвенковски воопшто не ги коментира обвинувањата од СДСМ.