Хроника

Контроверзниот Ендрју Тејт тврди дека негов пријател ќе бил убиен во Македонија (ВИДЕО)

Ендрју Тејт раскажува за драматична ноќ во Македонија: „Двајца дојдоа да го убијат мојот пријател на појадок“

Според видеото што го објави контроверзниот британски инфлуенсер Ендрју Тејт, во Македонија се случила бурна ситуација за време на голем меѓународен турнир во борење.

Тејт вели дека настанот се одвивал во амфитеатар, каде што тој победил во двете свои борби со нокаут. Целиот град бил покриен со постери на учесниците, а борците биле третирани како локални ѕвезди.

Тејт не открива но се работи за Охрид каде што тој учествувал во боречки турнир.

Ова според него било во периодот пред социјалните мрежи, кога, според него, „тврди момци“ како нив предизвикувале почит и страв кај населението.

По победата, Тејт и неговиот пријател – кого го опишува како „светски позната легенда“ од Англија – останале без пари и пиеле алкохол на улица.

Полициаец ги предупредил дека не смеат да пијат на јавно место, но по кратко време се вратил со околу 50 полицајци и специјална единица.

Групата потоа продолжила во еден локален клуб, каде што според Тејт, непознат маж се закачил со неговиот пријател.

„За половина секунда“ Англичанецот го фатил и го фрлил преку оградата на клубот. По инцидентот, Тејт предложил да се повлечат во хотелот.

Следното утро, додека Тејт седел на појадок, на неговата маса седнале двајца мажи. Тие директно му рекле дека дошле да го убијат неговиот пријател, бидејќи фрлениот човек им бил братучед.

Тејт преку Блекбери му ја пренел пораката на пријателот, кој се спуштил во ресторан.

Ситуацијата ја разрешил менаџерот на турнирот заедно со градоначалникот на градот и други влијателни Македонци. По 20-минутни преговори, двајцата мажи со пиштоли на појасот се ракувале и заминале.

Тејт вели дека неговиот пријател на крајот морал да плати 5.000 евра отштета за да се реши проблемот.

Оваа анедота од поранешниот професионален борец и инфлуенсер досега не е потврдена од независни извори, туку се базира исклучиво на неговото лично раскажување во објавеното видео.

Најнови вести од: Хроника

To top