Хроника

Кривична пријава против инспектор: Пукање во СВР Струмица откако примил решение за отказ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава

freepik.com

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Пријавата е против А.Б., самостоен инспектор во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, согласно член 288, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 30 април 2025 година, околу 10:25 часот, во службена просторија во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица. Според пријавата, А.Б., во присуство на повеќе полициски службеници, по примањето и потпишувањето на решението за отстранување од работното место и по наредба од началникот да го предаде службеното оружје, извадил пиштол од бирото, извршил репетирање и испукал куршум кон вратата на метален сеф во просторијата. Со овој чин, тој предизвикал значителна опасност за животот и безбедноста на присутните.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против А.Б., со мерки што вклучуваат суспензија од работното место до завршување на постапката, одземање на службеното оружје и муницијата, како и задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

To top