Хроника

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Костадин Костадинов и С.Р. во 2022 година ја злоупотребиле својата службена положба така што овозможиле на правно лице да легализира бесправно изграден објект на парцела во с.Куклиш. Имено, легализацијата е извршена така што од страна на С.Р. било побарано од Ј.П. да изготви елаборат за бришење на објекти на катастарска парцела во Куклиш и таквиот елаборат да го искористат за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, со цел катастарската парцела да добие чист имотен лист.

Од страна на Ј.П. е изготвен елаборат и технички извештај со невистинита содржина дека на лице место не постојат објекти и како такви се употребени при процесот за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, а изградени на катастарската парцела во сопственост на Р Македонија. Со овие дејствија, пријавените му овозможиле на Т.Ј. од с. Куклиш да се стекне со противправна имотна корист, со тоа што од страна на првопријавениот е издадено решение за легализација на бесправно изграден објект, со кое му се легализирале зграда со намена  (стовариште) во приземје ниво 1 со внатрешна површина на деловен простор од 161 м2 на катастарската парцела и со таквата постапка исто така му овозможиле да изврши откуп на земјиштето под зграда, да изврши отуѓување на земјиште со површина од 866,46 м2 во сопственост на Р Македонија и да се запишат на негово име со право на сопственост.

Од страна на првопријавениот и второпријавената не биле земени во предвид околностите дека во претходниот период имало водена постапка против Т.Ј. и во 2016 година е донесена пресуда од Виш управен суд, со која се одбива жалбата на Т.Ј. односно му се одбива барањето за легализација на бесправен објект, со образложение дека објектот е на парцела на која право на сопственост на објект има Општина Струмица.

И во 2019 година е донесена пресуда од Виш управен суд, со која се потврдува дека Т.Ј. има изградено објект без соодветно одобрение за градење. Врз основа на вака констатирана состојба од страна на овластен градежен инспектор при Општина Струмица на Т.Ј. му е издадено решение со кое му наредил да ја отстрани градбата, а спротивно на сето тоа пријавените овозможиле корист на Т.Ј., а штета на Општина Струмица и Р Македонија.

Најнови вести од: Хроника

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Во полициската акција во Куманово против група поврзана со лихварство, изнуда и перење пари уапсен Драган Петровски – Штука, осомничен како нејзин организатор

Во претреси на повеќе локации, припадници на специјалните полициски единици и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Неофицијално, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

Учество на МВР на РМ во акција на американската ДЕА и германските служби: Запленети повеќе од 300 килограми кокаин вредни 20 милиони евра

По размената на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) германската полиција заплени над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ осомничени за компјутерска измама, „тешка“ 21 илјада евра

Основното јавно обвинителство од Штип поведе постапка против две лица поради сомнежи дека како соизвршители сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и  „компјутерска измама“.

To top