Хроника

Крвав роденден: Си го убил братот поради имот

Обвинителството во Кавадарци ги разоткри мотивите зад грозоморното убиство што го потресе градот летово.

Обвинителството во Кавадарци ги разоткри мотивите зад грозоморното убиство што го потресе градот летово. Утврдено е дека 43-годишниот сторител го лишил од живот својот помлад брат токму на неговиот роденден, поттикнат од расправија околу наследниот имот.

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Убиство.

„Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди“, покажа истрагата.

По убиството, сторителот си заминал, но следниот ден се вратил во домот на жртвата и телото го преместил во бањата. Во наредните денови, тој повторно доаѓал за да го прикрие злосторството: ја бришел крвта од подот и предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.

Од 30 јули до 5 август, кога телото конечно било откриено, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на починатиот.

Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Најнови вести од: Хроника

Полициска акција на Македонија, Косово и Грција: разбиена криминална група, запленети 300 килограми марихуана

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември – судењето почнува на 24 август

„Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен до 13 септември 2026 година, откако беше поднесено обвинение за случајот ‘Лотарија’.“ – информираат од Кривичниот суд. 

To top