Хроника

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Притоа еден од возачите го стартувал возилото и удрил во полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и во трактор „ИМТ”, управуван од локален жител на Банско. Полицијата ги онеспособила и ги уапсила двајцата затечени во делото.

Михаилов напиша во објавата на фејсбук: Пред некој ден изјавив дека нападите врз службените лица се многу ретки, или безмалку ги нема поради високите казни за напаѓачите.
Во 2014 имаше напад над село Банско, во кој тешко беше повреден наш шумочувар, а вчера повторно во тоа Банско беше тешко повреден полицаец на Фронтекс од Полска и уште еден жител на село Банско од дрвокрадци.

Во 2024 имаше напад на територијата на општина Чашка врз шумските полицајци, а пред некој ден беа нападнати наши службеници во Штипско.

Но, кога – тогаш, како на видеово од синоќа, така ќе ги снајде сите оние кои не го почитуваат Законот, затоа што во МВР и останатите институции работат, пред сѐ службеници, кои се чесни, професионално си ја вршат својата работа и си ја сакаат својата татковина Македонија, истакна Кире Михаилов на фејсбук.

(видео)

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top