Хроника

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Од Кривичен информираат дека против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Од МВР, претходно информираа дека, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднело кривична пријава против П.В. (61) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359 ст. 3 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.

-П.В. во функција на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Битола во повеќе наврати влијаел при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители, со цел изрекување на поблаги казни за сторителите – информираат од МВР.

Со цел прибирање на дополнителни докази и пронаоѓање на предмети, извршен бил претрес во неговиот дом во Прилеп, како и службени простории кои ги користи, каде, како што информираат од МВР, се пронајдени и одземени шест мобилни телефонски апарати, едно УСБ и еден персонален компјутер.

Најнови вести од: Хроника

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште

Во Основниот суд во Куманово денеска беа изнесени завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор.

Утринава четворица битолчани се степале во казино во Битола – нападнале и вработен во обезбедувањето

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Н.(40) , Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

„Чистач“ на МВР низ цела Македонија: откриени многу случаи на насилен и прекуграничен криминал, уапсени 5.628 лица!

Крим-полицијата е на терен. Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и содејство со сите Сектори за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, од септември 2024 година спроведува Оперативна акција „Чистач“ на целата територија на Македонија.

To top