Хроника

Пешак починал на место по удар од возило на автопатот Градско-Велес – возачот избегал

МВР ги повикува сите граѓани кои имаат информации за случајот да се јават на надлежните служби.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 100

Седумдесет и седумгодишен пешак од село Мамутчево, велешко, починал откако бил удрен од патничко возило на автопатот Градско–Велес. Возачот го напуштил местото на несреќата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 октомври 2026 година околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско–Велес, на местото познато како „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М. (77) од село Мамутчево. По ударот, возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Од здобиените повреди пешакот починал на самото место. Смртта е констатирана од лекар. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МВР ги повикува сите граѓани кои имаат информации за случајот да се јават на надлежните служби.

Најнови вести од: Хроника

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

„Мислеше дека е мртва и сакаше да се ослободи од нејзиното тело“, тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица“, наведува мајката

To top