Хроника

Претседателката ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година

Резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот на државава, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ од Солун, Грција

 

„Изминативе дваесетина години се создаде почитувана, позната и експонирана заедница од над 300 успешни, реализирани личности, кои се издигнале над индивидуалните кариери и придонеле за општото добро“, оцени претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година.

 

 

Според претседателката, оваа грчко-македонска образовна соработка е уште едно камче во мозаикот на искрена доверба меѓу двете држави и општества.

 

 

 

За неа е најважно државата да не ги заборави стипендистите по завршувањето на програмата и да ги вклучи во креирањето на јавни политики и вредности.

 

Упатувајќи честитки и посакувајќи им успех на годинешните добитници на стипендиите, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изрази задоволство од функционирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ, којшто изнедри 20-тина генерации дипломирани студенти, успешно интегрирани во македонското општество.

 

 

 

 

За неа, стипендијата е признание за упорноста, талентот и потенцијалот на избраните студенти.

 

 

 

Директорот Јанис Верверидис ја истакна посебната вредност на студирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ. Тој посочи дека Executive MBA е современа програма што се реализира заеднички со Универзитетот во Стразбур (високопрестижна француска институција со 18 добитници на Нобелова награда во својата историја) и води до две MBA дипломи: една од Универзитетот Јорк и една од Универзитетот во Стразбур.

 

Стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма се доделуваат на 20 студенти веќе 22 години и се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот на државава, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ од Солун, Грција

 

Најнови вести од: Хроника

Македонец добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата, а на сопствениците им испратил снимки

Македонски државјанин, С.Г. (46), е уапсен во белградската општина Вождовац под сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која до неодамна работел, а потоа им испратил снимки од пожарот на своите поранешни работодавци.

Salt Bae: Како се создаде бренд, но и како една грешка го урна

Приказната за Salt Bae (Нусрет Гокче) е класичен пример за тоа како во 21 век виралноста може да создаде огромна слава и бизнис-империја за кратко време, но и колку брзо една грешка или серија грешки може да го сруши сè што е изградено, па дури и да предизвика поголеми загуби.

To top