Хроника

Шефот на Бесим кој се судри со Ива со анатема: Ако нема правда вечен грев на душата на виновните

Клетва за сите што ќе ја спречат правдата во случајот со Ива Михаилова во која загина чесно момче

Човекот на кој работел загинатиот Бесим Дурмиши од Љуботен кој почина по сообраќајката со избеганата Ива Михаилова бара правда за својот работник кој бил добро момче.

Сефер Аземи бара затворска казна од 25 години за според него убиството на неговиот вработен кој смета дека го сторила Ива Михаилова.

Аземи смета дека тие што ќе донесат поинаква пресуда од оваа вечно ќе носат грев на својата душа.

,,Бесим беше мој вработен – искрен, чесен и многу вреден; нека почива во мир и нека Господ ѝ подари место во рајот на неговата душа! Што се однесува до оваа Ива, таа мора да одговара за убиството на Бесими и за блокирањето на патот од спротивната насока; мора да биде осудена на најмалку 25 години затвор! Секој што ќе донесе пресуда спротивна на ова, ќе го носи тој грев на својата душа ЗАСЕКОГАШ!!!”, пишува Аземи.
Тој коментира откако уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев откри кој е загинатиот во сообраќајката за која се гони избеганата Ива Михаилова.

Кој е мртвиот за чија смрт Ива никогаш не побарала прошка

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top