Хроника

Учество на МВР на РМ во акција на американската ДЕА и германските служби: Запленети повеќе од 300 килограми кокаин вредни 20 милиони евра

По размената на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) германската полиција заплени над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

Според германските медиуми, кокаинот бил откриен на големопродажен пазар во Нирнберг. При проверка на пратката со банани, еден од вработените забележал дека една од гајбите е невообичаено тешка. По отворањето биле пронајдени пакувања со кокаин, по што полицијата и царинските служби провериле дополнителни картонски кутии распоредени на 50 палети.

Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра.

Засега нема официјални информации за бројот на осомничени или приведени лица, ниту за тоа дали во шверцерскиот канал биле вклучени македонски државјани. Не е познато ниту кому му била наменета пратката.

Истрагата ја водат германските надлежни служби.

Акцијата го покажува сериозниот пристап на Одделот за криминалистичка полиција при МВР во борбата против меѓународниот организиран криминал за недозволена трговија со дрога и е потврда дека соработката меѓу партнерски служби, брзата размена на информации и искрениот пристап, се клучни за бескомпромисна борба против секаков вид криминал.

Најнови вести од: Хроника

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ осомничени за компјутерска измама, „тешка“ 21 илјада евра

Основното јавно обвинителство од Штип поведе постапка против две лица поради сомнежи дека како соизвршители сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и  „компјутерска измама“.

Второто тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка?! Виктор Г. (21), обесениот покрај возилото, бил пријавуван и апсен за насилство?

Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, упатуваат на убиство и самоубиство, потврдија од Јавното обвинителство. Седумнаесетгодишната девојка, за која неофицијално се дознава дека е пронајдена мртва во опожарениот автомобил, претходно имала судска заштита од своето момче, 21-годишниот Виктор Г., кој беше пронајден обесен покрај возилото. Ова го објави порталот „Скопје 1.“.

Е.С. (27) од Арачиново со товарно возило удрил во возило на МВР, па нападнал полицајци!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. С. (27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Најнови вести

To top