Хроника

Возач-почетник фатен со 211 км/ч на автопатот Скопје–Тетово

Млади, брзи и бесни

Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник кој управувал возило со брзина од 211 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува, во 16:21 часот на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишиле од слобода возачот-почетник кој управувал со патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки.

Сообраќајната контрола извршена со радар покажала дека 18-годишниот И.А. возел со брзина далеку над дозволените 100 километри на час за возачи-почетници на автопат.

Поради стореното кривично дело, возилото е привремено одземено, а возачот е лишени од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top