Хроника

Возачката сфатена како непотребен луксуз – 11 лица без неа лишени од слобода

Други двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана, а уште тројца управувале возило под дејство на алкохол

Од вкупно 16 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило во изминатото деноноќие на целата територија на државата, дури 11 немале возачка дозвола!

Други двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана, а уште тројца управувале возило под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од 11-мина без возачка зад воланот, петмина се затекнати во Скопје и по еден во гостиварско, Македонски Брод, Градско, Росоман, Велес и Чашка.

По едно лице во Кавадарци и во Демир Хисар управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а по еден возач во Неготино, Свети Николе и на граничниот премин Блато возеле пијани.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Најнови вести од: Хроника

To top