Хроника

Загина совозач, четворица повредени во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи

Маж од Љуботен на возраст од 33 години вчера загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 9 часот на експресниот пат Штоп-Кочани.

„На 07.10.2025 година во 9.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат ШтипКочани, во близина на селото Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од село Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани“, соопшти полицијата.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Б.Д.(33) од Љуботен, скопско, Д.З.(36) од Трубарево и И.М.(21) од  Трубарево. Сите биле сопатници во возилото „рено“.

„По укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, а останатите се пренесени  во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал. Кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди, а кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид изврши екипа од СВР Штип-ОВР Кочани“, соопшти полицијата.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

To top