Хроника

Запленет автобус и 35 илјади евра на ГП „Табановци“

Кај лице со иницијали Ф.И. (20) пронајдени се пет пликови со различни апоени и со вкупна вредност од 34.965 евра, кои поминале низ граничниот премин без да бидат пријавени

 

Возач на автобус и патник од тетовскско – кај кои се пронајдени 34.965 непријавени евра – се уапсени соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција во подрачјето на СВР Тетово запленија автобус „Мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, управуван од Р.Ф. (37) од тетовскиот регион, кој сообраќал на релација Германија-Македонија.

При прегледот на автобусот, во приколката се пронајдени неколку канистри за кои лицето не поседувало документи и дозволи за транспорт.

Истовремено, при прегледот на еден од патниците, Ф.И. (20) исто така од тетовскиот регион, пронајдени се пет пликови со различни апоени пари, со вкупна вредност од 34.965 евра, кои поминале низ граничниот премин „Табановци“ без да бидат пријавени, а лицето не поседувало никакви документи за сопственост и потекло на парите.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лицата се лишени од слобода по член 278 „шверцување“ од Кривичниот законик и член 29 од Законот за девизи, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Албански државјанин спречен да прошверцува 500.000 евра

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top