Бизнис

Пад на каматите на кредитите

Во септември просечната каматна стапка на вкупните депозити на месечно ниво е зголемена за 0,01 процентен поен и изнесувала 2,23%, додека кај кредитите во септември просечната каматна стапка забележа пад од 0,05 процентни поени и изнесувала 4,47%.

Колку плати се потребна за купување стан во Македонија, но и во другите европски земји?!

Резултатите од студијата покажаа дека во 2024 година, купувањето стан од 70 квадратни метри во Европа бараше помеѓу 50 и 200 месечни нето плати. Најбрзиот пат до сопственост на дом беше во Данска, каде што купувањето таков стан би чинело еквивалент на 57 месечни нето плати. Според студијата, во Македонија се потребни 169 месечни плати за да се купи стан од 70 квадрати.

Во скопскиот регион се создава половина од бруто-домашниот производ

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138,2 и Југоисточниот Регион со индекс 111,6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Македонија. 

(Фото): Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во регионот

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред сè на проиширувањето на авиолиниите на „Виз ер“.

To top