Македонија

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

МО: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес! Да не се нарушува угледот на Армијата на Македонија!

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од заразната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана на Република Македонија информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, заради манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата на Република Македонија.

Ѓорѓиевски: Булеварот „Македонија“ ќе ја отвори вратата кон нашето современо и безбедно Скопје! (Видео)

„Засилено и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон современо и функционално Скопје!“ – порача преку својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски.

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Манасиевски: Милион евра од државата само за 2 месеци потрошиле СЈО, Заев и Шеќеринска, специјални гости кај Јанева!

„Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.  ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага за трошењето на парите во згаснатото СЈО

Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“: кој го нарача обидот да биде убиен и зошто?

Утре во Филозозофскиот факултет во Скопје ќе биде одржана научна и стручна конференција на тема „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија“. Како што истакнуваат од одборот за одржување на конференцијата, таа би требало да даде одговори на четири најважни прашања: (1) кои беа причините и мотивите за атентатот? (2) кои се можните нарачатели и извршители? (3) дали можеше да биде спречен атентатот и зошто не беше? (4) зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања?

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

To top