Свет

Калас како Руте: Ако не ѝ помогнеме на Украина, сите ќе мора да учиме руски

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика ја повтори изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за рускиот јазик. „Мораме да направиме повеќе за Украина, а и за нашата сопствена безбедност. Ќе го цитирам мојот пријател, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте: ‘Ако не ѝ помагаме и понатаму на Украина, […]

Може ли конфликтот меѓу Израел и Иран да има импликации врз македонската економија?!

Македонската економија можно е да биде погодена по конфликтот меѓу Израел и Иран, а тоа ќе се почувствува врз цената на нафтата, велат економистите. Секој потрес на глобалните берзи може да доведе до несакани ефекти. Стопанството смета дека мора да имаме долгорочна стратегија, за да не се соочуваме со последици. Дополнителен проблем, според бизнисмените, е […]

Иран: Ќе има цврст одговор ако Вашингтон фаќа израелска страна

Aко САД директно интервенираат во воената кампања на Израел, Иран ќе одговори силно, изјави денеска постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации во Женева, Али Бахреини, цитиран од светските агенции. „Ние пренесовме јасна порака до американската страна: ако тие директно интервенираат, одговорот на Иран ќе биде сериозен и без двоумење“, изјави Бахреини пред новинарите во […]

Газа: Убиени 59 во израелски напад врз Палестинци кои чекале храна

Израелски тенкови пукаа во толпа што се обидуваше да добие помош од камиони во Газа во вторникот, при што загинаа најмалку 59 лица, според медицински лица, во еден од најкрвавите инциденти досега во растечкото насилство додека очајните жители се борат за храна, објави Ројтерс. Видео објавено на социјалните медиуми покажа околу десетина осакатени тела како […]

Трамп и Хамнеи се силат еден на друг на интернет

Додека Израел и Иран разменуваат оган во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи разменуваат пораки на социјалните мрежи. Трамп објави на Truth Social дека САД имаат „целосна и тотална контрола врз воздушниот простор над Иран“. Тој, исто така, упати лична закана до Хамнеи: „Знаеме точно каде се крие […]

Кој е најбогатиот град во светот каде секој 22-ри жител е милионер?!

Њујорк повторно е прогласен за најбогат град во светот, според најновиот извештај на „Хенли и партнерс“ за 2025 година. Во градот што никогаш не спие, секој 22-ри жители е милионер, што дополнително го потврдува неговиот статус на светска финансиска престолнина. Иако бројот на милијардери во Њујорк се намали, од минатогодишните 500 на 384, градот сепак забележа зголемување […]

Бугарски полицајци тепале оти им се кревал – адреналинот

Бугарскиот заменик министер за внатершни работи даде објаснување за пречекорувања на овластувањата на бугарските полицајци при извршување на должноста. „…Во своите напори да ги исполнат своите должности, тие понекогаш се наоѓаат во ситуација каде што неизбежно и ненамерно ги пречекоруваат своите овластувања. Емоциите преовладуваат“, коментираше заменик-министерот за внатрешни работи Тони Тодоров во интервју за bTV […]

Иран се пофали: Удривме по главниот штаб на МОСАД

Исламската револуционерна гарда ( IROC) објави дека извршил успешен ракетен напад врз главниот центар на разузнавачката агенција Мосад во Тел Авив. Во соопштението наведува дека нејзините воздухопловни единици спровеле ефикасна операција против Мосад во раните утрински часови. „И покрај тоа што биле заштитени со напредни системи за воздушна одбрана, воената разузнавачка дирекција на армијата на […]

Георг го брани Георгиевски: Бугарски министер го брани македонскиот Бугарин

Бугарија го смета случајот против Љупчо Георгиевски, претседател на затворениот бугарски културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола, за политички мотивиран процес,  изјави министерот за надворешни работи Георгиев Георгиев за време на средбата со Георгиевски во Министерството за надворешни работи. Според Георгиев, бугарската страна не верува во мотивите што беа објавени против Георгиевски и предметот на […]

Мајка го ставила новороденчето во машина за перење – нејзиниот партнер ја вклучил

Бебе почина кратко по раѓањето во машина за перење, а обвинителите велат дека нејзината мајка го ставила во неа. 35-годишна жена од Баден-Виртемберг е обвинета за убиство од небрежност. Таа е обвинета дека ја криела бременоста и го ставила новороденото бебе во машина за перење, каде што бебето починало. Телото го пронашол нејзиниот партнер во […]

Нетанјаху: Ликвидирање на Хамнеи ќе го заврши конфликтот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека таргетирањето на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ќе ја заврши, а не ќе ја ескалира, тековната војна меѓу Израел и Иран што избувна кон крајот на минатата недела. Запрашан во интерву за ABC News и други медиуми за ставот на претседателот Доналд Трамп кој го отфрлил израелскиот план […]

„Ако имаш м*да врати се во Иран“, вулгарна порака до иранскиот престолонаследник Пахлави

Министерот за одбрана на Пакистан, Хаваџа Асиф, со непристоен реник рерагираше на повикот од Реза Пахлави, до иранскиот народ да се крене против режимот во Техеран. Синот на покојниот шах Мохамед Реза Пахлави, кој беше соборен во 1979 година,  ги повика иранските воени и безбедносни сили да ја напуштат Исламската Република и да се приклучат […]

To top