
„Дали за време на своите чести престои во Тирана се среќаваше со Артан Груби, за да ги координираш своите ‘телевизиски мисии’?!“ – ова прашање Латифи Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија, јавно му го упати на лидерот на ДУИ Али Ахмети преку својата колумна, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Фол“. Арифи порача остро дека „дојде време овој старец да се повлече барем со ронка достоинство, бидејќи на Албанците не им требаат навреди и гнев, туку идеи и решенија“!
Во својата колумна со наслов „Портретот на Ахмети: Емоционална преоптовареност, навреди и пропаганда, оркестрирана од прогласениот како ‘непожелна личност“ Арифи пишува: Синоќа појавувањето на старецот со побелена коса во емисијата на „Еуроњуз Албанија“ остави впечаток на човек со тешка емоционална оптовареност. Со секој збор и гест се чинеше дека Али Ахмети повеќе не може да го контролира својот мозок, а уште помалку својот политички јазик. Наместо визија за општините, тој шири гнев и навреди, претворајќи го политичкиот говор во банален жаргон.
За да создаде идеја за „зголемена важност“, Ахмети најде засолниште во медиумите од Албанија. Но, никој не треба да се залажува, овие појавувања не се случајни. Тие се оркестрирани, очигледно, од Америка прогласениот „не пожелна личност“, кој ја поставува сцената и го подготвува медиумскиот терен.Во оваа режија Ахмети се појавува како глумец, што го повторува своите зборови. А зборовите се познати: навреди кон Курти, измислени обвинувања и став, кој застрашувачки се совпаѓа со ставот на Александар Вучиќ. Али Ахмети избира да се усогласи со говорот на Белград. Тоа е однесување кое не им служи на Албанците, туку само на продолжување на неговата изморена моќ.
Јавно го прашувам Ахмети: дали за време на своите чести престои во Тирана се среќаваше со Артан Груби, за да ги координираш овие „телевизиски мисии“?!
Дојде време овој старец да се повлече барем со ронка достоинство, бидејќи на Албанците не им требаат навреди и гнев, туку идеи и решенија. – заклучува Латиф Арифи во својата колумна, во која го исцртува „портретот“ на лидерот на ДУИ Аку Ахмети.