Македонија

Каква „средба со Грегори Г. Џонсон, американскиот генерал на силите на НАТО во Неапол, во штабот на УЧК“ во 2001 во Шипковица „имал“ Али Ахмети?!

Вчера во Тирана поранешниот „Врховен командант на македонската УЧК“ и отсега „почесен доктор на науки“ Али Ахмети изнесе „сеќавања за својата оружена борба за правата на Албанците во Македонија“ – среде предизборна кампања, за да си го зголеми рејтингот во очите на албанското бирачко тело, или можеби и да „заплаши некого“?! Од американскиот генерал и командант на сили на НАТО барал „официјализирање на непризнатиот тетовски универзитет“, или можеби полагал пред него „испит од водење воени вештини“?!

„За време на својот говор на вчерашната церемонија кога му беше доделена титулата ‘Почесен доктор на науки’ од Европскиот ниверзитет во Тирана лидерот на ДУИ, Али Ахмети се осврна на еден посебен момент од 2001 година, што го означи како ‘важен момент’.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“ во својата информација со наслов „Али Ахмети: Моето прво барање до американскиот генерал во 2001 година: официјализација на Универзитетот во Тетово“

Натаму порталот наведува: „Во 2001 година имав средба со Грегори Г. Џонсон, генералот на силите на НАТО во Неапол во штабот на УЧК во Шипковица. Тогаш му реков: ‘Генерале, не заминувам без да се официјализира Универзитетот во Тетово, кој е единствен случај во светот. Ова е универзитет, отворен со крв. Има крв во неговите темели. Вие, Американците сте патриоти и ја цените жртвата, и за вашата нација и за другите нации.“ – кажа Ахмети во Тирана по добивањето на „почесниот докторат“.

Во својот говор тој потоа дополни: „Ова беше многу важен момент. Универзитетот работеше неколку години, првите генерации дипломираа и не можевме да дозволиме да остане непризнаена институција, без статус.“ – извести „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top