Македонија

Македонска музичарка во Лондон прашува дали има некој што сеуште не може да си поврзе што се случува?

Мал инцидент на Македонката кој отвора големи дилеми за иднината на човештвото

Македонската музичка Тања Ксена Царовска која подолго време живее во Лондон имала мал инцидент по кој се соочила со низа последици по кои јавно прашува дали има некој што сеуште не може да си поврзе што се случува?

Губењето на банкарска картичка во земја како Велика Британија не би требало да биде сериозен проблем во ера на дигитална технологија во која може да се плаќа и со часовник.

Но примерот со Царовска која по успешна кариера во Македонија замина во Лондон каде живее укажува на еден тренд кој се уште не може да се објасни рационално.

Што пишува Царовска:

Денес согледав дека ми ја нема картичката за плаќање. Сум ја изгубила некаде, ретко ми се случува но поим немам каде. Се вратив да ја барам дома, ја нема, во продавницата кај што последно бев – не.

Уморна, сакав да седнам во едно скромно местенце, да се напијам чај, имав останато нешто ситно кеш, ама ме одбија: “За жал не примаме кеш, само картичка”. “И да имав картичка, не ви плаќав, чим така”, си мислам.

Излегов. Со тие неколку фунти кеш влегов во маркет, кај што “фала Богу примаат кеш”. Таму сите каси беа автоматски, само картичка. Само една со човек, примаше кеш и на неа имаше голема редица. Безкешните каси – спиди гонзалез. Стигнав на ред, платив. Се погоди да немам веќе кеш воопшто на мене, ни дома.

Првата банка каде можам да одам и да повлечам пари физички е 1 час пешки. А врне и лисјата водени, се лизнав претходно на мократа улица и паднав, си го удрив коленото. Замислете некој полошо повреден.

Плус, навечер не работат банките, така што ако си на зорт или на некоја мака, со среќа “до даљњег”. Околу тебе сите странци, никој не те познава, сите брзаат, контакт очи-в-очи овде одамна нема, ниту пак добар ден.

Соседите немаат ни појма дека си им сосед. Замисли недајбоже да ти треба итно такси, итна медицинска помош, нема кој да те превезе. Возрасни лица, инвалиди, бремени жени…остави, “небитни се во општеството”.
Ама и само една голтка вода да ти треба, без пари никаде ја нема.

Многу банковни филијали се затворени, редуцирани, останатите се оставени на голема оддалеченост. Пари за автобус немам, од банкомат ќе извадев, ама немам картица.

Ако ја откажам картицата, ќе треба да чекам една недела за нова, па ќе бидам без пари, а тоа не можам да си го дозволам зашто имам закажани обврски. Аха, се сетив, ја имам картицата на телефонот, можам со телефон да платам.

Па нормално.

Луѓе што просат на секој чекор. Пред некоја година, на улица, едни девојчиња телефонот од раце ми го грабнаа и избегаа. Замислете да немате телефон, или да немате батерија, или да немате интернет, или да немате пари во банка, а може некој го хакнал системот или “апликацијата се апдејтира”…

А може и воопшто да не ви е дозволено да купите нешто заради што сте ја потрошиле неделната доза на емисии на јаглерод или пак вашата последна објава на социјални мрежи се коси со ставовите на владата. Со други зборови, ти ли, теоретичару на заговори, ќе пречиш на владините мисии за добробит на човештвото? Што, тебе нешто ти смрди? Исклучен од пазарење на 48 часа. Легално.

Добредојдовте во безготовинското општество. Поентата е се да биде полесно, нели? Ментална стапица. Полесно, додека не ти стане многу, многу тешко, ама после нема назад.

Изгледа сите сме луди ако молкум го прифатиме. Ама пак што да правиш, презафатени сме со преживување…А поентата на безготовинсково е токму да не преживеат тие што ќе се побунат против ропството, или тоа, или да се повлечат по селата кој може и да садат храна, кај што оп – во секое време може да им дронираш пожарче или со вештачките облачиња да им креираш град, мраз, суша, па има бре милион начини на напад, кога имаш зилијарди, порано си печатеа според потребите, сега ќе нема ни потреба да печатат 😉 Па селаниве ќе им кажат на децата свои “Сине, оди во град кај што е полесно! Види овде како се кршиме од работа, за што?” И така, во круг.

Се прашувам, има ли некој што сеуште не може да си поврзе што се случува?

Фото Принт скрин ФБ Тања Царовска

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top