
„Али Ахмети веќе влезе во своето последно политичко поглавје, кое нема да биде напишано со слава, туку со речник, што го претвори од лидер во карикатура!“ – истакнува Мустафа Даути во својата колумна со наслов „Крајот на Али Ахмети сега е сѐ повиден, навредите се неговите последни клоцања!“ која ја објави информативниот портал на албански јазик „Фол“..
Во колумната Даути пишува: Изјавата на Али Ахмети дека се “загари“ оние Албанци, што не се со него, е јасен доказ за падот на политичките и моралните стандарди во земјата. Таквиот јазик, кој повеќе ѝ припаѓа на улицата отколку на политичките сали, не ги навредува противниците, но и интелигенцијата на албанските граѓани во С.Македонија.
Кога лидер со децении во политиката си дозволува да користи банален јазик, тоа покажува две работи. Прво, страв од вистински политички предизвик, бидејќи кога недостасуваат аргументи, сè што останува е пцуење. Второто е губење на контролата врз говорот во јавноста, бидејќи, лидерите кои некогаш беа нарекувани „обединувачи“, денес зборуваат како луѓе, што предизвикуваат раскол и кои навредуваат.
На албанската политика ѝ се потребни идеи, визија и храброст за реформи, а не етикети што ја деградираат расправата. Нарекувањето на лидерите на политичкиот блок, што претставува 107 илјади чисти албански гласови како “загари“ е арогантен израз и сигнал дека наместо да се соочи со програма и транспарентност, се користи јазик на презир и потценување, што има за цел да го дехуманизира противникот.
Затоа, Ахмети денес не личи на лидер, туку на човек, изморен од времето и совладан од реалноста, кој наместо да си замине со достоинство, избира да потоне во јазикот на пцостите и навредите. Ова е најлошиот крај, што може да му се случи на еден лидер: бргу и лесно да биде заборавен по малкуте работи, што ги направил, а да биде запаметен само по навредите. – заклучува Мустафа Даути во својата колумна.