Македонија Колумни

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Пишува: Свето Тоевски

Димитрија Чуповски е роден како посмртче (по убиството на татко му од разбојнички банди) на 8 ноември 1878 година во велешкото мијачко село Папрадиште. Во Крушево го учи молерскиот занает и по две години со браќата заминува во Софија на печалба. Во бугарската престолнина три години дење работи како молер, а ноќе го посетува вечерното училиште за Македонците, што го организирале будните македонски студенти Даме Груев, Петар Попарсов, Никола Наумов и другите, кои во 1890 година пребегаа од Белград во Софија, каде што ја поставија основата на едно тајно македонско национално друштво. Димитрија се најде во кругот на македонската организирана емиграција, каде што не само ја учеше основната наука од букварите, туку и првите чекори во националноослободителната борба. Токму таму кај него целосно се оформило сознанието дека македонскиот народ треба самостојно да се организира и да се избори за сопствена политичка и културна иднина.

Средбата на тројцата великани на македонскиот јазик и национална мисла Чуповски, Мисирков и Пулевски

Тоа беше времето кога во Софија беше организирана Младата македонска книжевна дружина, што од почетокот на 1892 година почна да го издава и својот печатен орган „Лоза“ на јазик и со правопис, што беше изјаснет како „македонски“, предизвикувајќи голема бура во бугарската јавност. Тоа беше и времето на првата средба на двајцата најистакнати национални дејци во поновата македонска историја – Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски, но и на нивното познанство со стариот учебникар, лексикограф, граматичар, историчар, фолклорист, војвода и националнореволуционерен деец Ѓорѓија Пулевски.

Чуповски се префрла во Белград и во 1893 година се запишува на скратен курс на Учителската школа. Подоцна Димитрија ќе напише ова училиште било „отворено во тоа време од Србите специјално за работниците Македонци. „Училиштето со отворено шовинистички карактер имаше цел да создава српски етнографски елемент. Овде јас првпат бев поставен во ситуација да настапувам во улогата на заштитник на својата татковина – Македонија.“ – истакнал во своите записи Чуповски. Во учебната 1900/1901 година како „Словеномакедонец“ тој е запишан во Духовната академија во Санкт Петербург во Русија. Таму започнала најзначајната етапа од неговиот живот – долгогодишната културна, научна и политичка работа за афирмирање на македонскиот народ, јазик и национална посебност.

„Македонски глас“ – официјалното гласило на Македонското научно-литературно другарство со отпечатената карта на етничка Македонија, пред да биде распарчена со „Букурешкиот договор“ од 1913, изработена од Д.Чуповски

Периодот од 1900 до 1905 година е вонредно значаен и во македонската историја и во животот и дејноста на Димитрија Чуповски. Тоа е времето на подготовките, подвигот и поразот на Илинденското востание со сите последици на внатрешен и на надворешен план. Но тоа е и времето на организирањето и првите активности на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во 1902 година во Санкт Петербург, што низ разни фази и под видоизменети имиња ќе постои сѐ до Октомвриската револуција (1917) и се издигнува во најзначајната македонска национална, научна, културна и политичка институција до Ослободувањето. Нејзиниот претседател и најистакнат деец е токму Чуповски, заедно со Крсте Мисирков.

Димитрија Чуповски  како народен трибун и глас на Македонија пред Европа

Кога големите сили ги прекројуваа границите, а за Македонија се преговараше како за територија, Димитрија Чуповски настојуваше преку МНЛД пред европската јавност да ја постави суштината на македонското прашање: македонскиот народ да биде признаен како посебен народ со право самиот да одлучува за својата политичка иднина, култура и јазик. Чуповски енергично дејствуваше како трибун на еден народ, што одбива да биде избришан од европската политичка карта. Неговата дејност се одвиваше во време на силни национални пропаганди, балкански војни, територијални поделби и дипломатски договори со далекусежни последици за Македонија. Во такви услови тој настојуваше македонското прашање да го претстави како прашање на народни права, политичка самостојност и на иднината на една историска земја.

Тројца од највидните македонски дејци во Македонското научно-литературно другарство – на фотографијата од лево на десно Димитрија Чуповски, Наце Димов Чуповски (стои) и Гаврил Костадинов Тасев-Константинович

Неговата улога е неразделна од дејноста на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, во кое македонската национална мисла добила организирана културна, публицистичка и политичка форма. Преку печатот, меморандумите, јавните настапи и контактите со странски интелектуални и политички кругови, Чуповски се обидуваше Македонија да не остане само предмет на туѓи расправи, туку да се слушне и сопствениот глас на Македонците. Токму во тоа лежи една од суштинските димензии на неговото дело: правото на еден народ да зборува во свое име, наместо за него да зборуваат други. За него Македонија не била само географски простор, туку татковина на народ, чиј културен и духовен живот требало да се развива во сопствени институционални рамки. Во делото на Чуповски националното прашање не може да се одвои од јазикот и културата. За него македонскиот јазик бил темел на националната самобитност на Македонците.

Под неговото раководење Македонското научно-литературно другарство имало задача да ја развива националната свест, да ги проучува македонскиот јазик, народните песни, обичаите и историјата, како и да ги обединува Македонците без оглед на нивното образование и убедување. Ваквата програма имала особена тежина во услови кога соседните национални пропаганди настојувале македонското население да го претставуваат како дел од други национални целини. 

На 29 октомври 1940 година во Ленинград ги склопи засекогаш будните и неуморни очи најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор и градител на македонската национална мисла и самосвест Димитрија Чуповски. На неговиот црн гранитен крст во гробиштата околу црквата „Александар Невски“ во центарот на стариот Санктпетербург, среде тревје и осама, незгасливо пет децении зрачеа издлабените букви: „Борец за правото и слободата на македонскиот народ“. 

Споменикот на Димитрија Чуповски во Скопје

По многу обиди и упорни настојувања во 1990 година на свечен начин беа пренесени неговите посмртни останки во главниот град на слободната македонска држава, која му подигна споменик, што ќе треба да претставува национален светилник за македонските поколенија, кои доаѓаат.

 

(продолжува)

Најнови вести од: Македонија Колумни

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

(Фото): Вештачката интелегенција е придобивка што мора да ја искористиме, рече Николоски

Во делот на дигитализација во секторот транспорт, Николоски истакна дека се работи на ИТС-системот во патниот дел, а веќе се разгледуваат опции и за употреба во железничкиот сообраќај.

Засечен прст на бебе при вадење инфузија во скопска Гинекологија ! Се отвора дисциплинска постапка, за да се утврди одговорноста!

Новороденче во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) се здобило со повреда на дел од прст, по што било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Според првични и неофицијални информации, го засекла при вадење инфузија медицинска сестра, што работи повеќе од 20 години без никакви поплаки за нејзината досегашна работа.

Во Битола беа одбележани создавањето на Првата егејска македонска ударна бригада на 18 ноември 1944 и нејзиниот славен борбен пат

Со свежо цвеќе и пригодна програма беше денес одбележана 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада пред спомен-плочата во Битола. Според податоците објавени на „Википедија“, оваа партизанска единица била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување.

To top