Колумни

Ова се опасни времиња – да ги збиеме редовите

Противник сум на параноја и гледање опасност од сите страни, ама во исто време сигурен сум дека не смееме да се однесуваме индиферентно и да се залажуваме со илузии дека сме премногу мали и неважни па со самото тоа и безбедни во вртлогот на промените кои се случуваат на светската сцена

Пишува Драган Милосављевиќ

Живееме во опасен свет во кој законот на послилниот добива примат над сите други закони и правила. Во неговата најотворена форма. Допрва ќе гледаме секакви работи кои до неодамна беа речиси незамисливи, односно наивно мислевме дека се останати длабоко во минатото. Брзината со која се одвиваат ја оневозможува неопходната временска дистанца за адекватно и објективно анализирање. Да не зборуваме за недостатокот од точни информации ниту за веќе слученото, а камоли за она шо допрва треба да се случи. Дали постојат договори меѓу големите сили? Дали тие договори воопшто ќе се почитуваат, кога веќе на никој не му е гајле за претходно превземените обврски преку ООН и слични, очигледно истрошени меѓународни организации? На кого може да му се верува во искрените намери? Кој што точно сака и како мисли да ги оствари своите цели?

Противник сум на параноја и гледање опасност од сите страни, ама во исто време сигурен сум дека не смееме да се однесуваме индиферентно и да се залажуваме со илузии дека сме премногу мали и неважни па со самото тоа и безбедни во вртлогот на промените кои се случуваат на светската сцена.

Можеби е непопулрано или наивно ова што го велам, ама неопходно е да ги збиеме редовите, да создадеме национално единство како никогаш досега, да се организираме и дисциплинираме. Не да паѓаме во некакава воена психоза, туку едноставно да ја разбереме сериозноста на моментот и да се однесуваме одговорно. Нема простор за грешки. Тие им се дозволени само на оние што имаат огромна територија и население, плус стратешко оружје, а ние не сме баш во таква позиција. Треба да се пресмета секој чекор пред да се направи, треба десет пати да се измери пред да се исече. Дипломатијата мора да ја зачува ладнокрвноста по секоја цена. Власта мора да има план за сите сценарија, од најдоброто до најлошото за нас. Опозицијата, макар и ваква, мора да ја разбере сопствената одговорност и да дава доприност кон општото добро. Медиумите, универзитетите, Академијата, невладините организации треба да се надминат себеси и да се впрегнат во систематско создавање идеи, услови, решенија за секакви околности во кои може да се најде државата.

Украина, Венецуела, Гренланд, Сирија, Колумбија навистина се далеку и ќе си останат далеку, но зошто да ризикуваме и да бленеме малодушно, кога можеме да се организираме и да создадеме досега невидено единство околу идејата за опстанок на заедничкиот дом? Користа е огромна во секој случај. Ако дојде до ломови во регионот или му паднеме во очи на некој сериозен предатор сплотеноста ќе создаде цврстина за отпор и одбрана. Ако не се случи ништо, во најмала рака веќе создадената заедничка енергија ќе ни овозможи услови за побрз развој и напредок. Јасно дека таа не се создава преку ноќ, потребно е време и пред се волја, упорна, нескршлива волја од засегнатите. А засегнати сме сите зар не? Па кога е веќе така, ајде да направиме нешто паметно. Па нека се чудат соседите, нека се збунат големите. Нека и ние еднаш бидеме добар пример.

 

Најнови вести од: Колумни

Делото на Стале Попов – трајно книжевно сведоштво за опстојувањето и непокорот на Македонците и Македонија

„Македонскиот народ го подготвуваше својот запишувач Стале Попов со сите свои маки, радости и страдања, со сите свои напластени животни искуства низ времињата. А Стале Попов создаде разновидно книжевно дело за тој свој народ, една голема македонска книга на легенди и преданија, на обичаи и магии, на песни и ора, на тажалки. Тој создаде голема македонска книга и на долгите ропства и непрестајните бунтови, на победите и поразите, на отпорот и непокорот на македонскиот народ. За цело време Попов како да пишуваше само една единствена книга, можеби една од најмакедонските книги, која има име: Македонија“. – вака вдахновено има кажано академик Георги Старделов за Стале Попов, еден од најзначајните писатели во македонската книжевна историја, за авторот на романите со висока и трајна вредност „Крпен живот“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“. Денес, на 10 март се навршуваат 61-на година од смртта на овој знаменит деец на македонската книжевна реч и воопшто на македонскиот јазик и ова е соодветна пригода за повторно навраќање на неговиот плодотворен живот и творештво.

„НМ“: Македонија треба да изгради меѓународно „Правно досие за ништовност“ на „Преспанскиот договор“ како криминално изнуден акт (3)

Весникот „Нова Македонија“ во својата анализа со наслов „Како документот на ЦИА го урна легитимитетот на Преспанскиот договор“ го анализира, исто така, и прашањето: пред кои тела Македонија може да ја оспори Преспанската спогодба?

„Н.М“: Грција го „купи“ името „Македонија“ од инсталираната власт со коруптивен „Преспански договор“, што ја урива неговата легитимност! (2)

Весникот „Нова Македонија“ во својата анализа од 6 март 2026 година со наслов „Како документот на ЦИА го урна легитимитетот на Преспанскиот договор“ пишува дека коруптивните механизми не се само теоретска претпоставка, туку долгогодишна стратегија во спорот за името Македонија. Ова го потврдуваат и неодамна декласифицираните документи на американската централна разузнавачка служба (ЦИА). Според документ на ЦИА од 6 ноември 1992 година, објавен во нивната дигитална библиотека (ФОИА) во јануари оваа година, уште на почетокот на независноста постоел обид за директно „купување“ на името. Во извештајот јасно е наведено дека тогашниот претседател Киро Глигоров одбил понуда од грчки функционери во висина од 100 милиони долари финансиска помош, како услов за промена на името на државата.

Четири додавки во името на македонската држава и промена во „Северна Македонија“ спротивно на историските и политичките околности (1)

Во повоената политичка историја имало неколку додавки во името на македонската држава Република Македонија, кое е, пред сѐ, генеричко, а дури потоа уставно име. Додавките се вршеле, пред се, заради одразување на карактерот на тогашното државно уредување.  Што значи дека во строга правно-терминолошка смисла не се работело за менување на името Македонија. Промената во „Северна Македонија“ , согласно со „Преспанскиот договор“ е промена на името на македонската држава, прва извршена во нејзината повоена политичка и државно-правна историја.

To top