Колумни

Професорката да ви каже: Зошто Македонија ги поддржа САД за Венецуела

Ние сме си уште во филмот на демек “неврзаните”, на митот за моќната ЈУ која сите ги вртела на мал прст

Коментари и реторички прашања: Е зошто сме се “истрчале” да ја поддржиме САД за Венецуела, уште повеќе, оти други држави вака-така, ич муабет за Кина и Русија? Кој е нашиот интерес во тоа? Нели се така загрозени други “послаби држави”? Ма, еве, следно, ќе го “присвојат” и Гренланд.

 

За тоа и за неколку други работи, мои контракоментари :

 

Може да и се случи само на земја чиј грозен режим е спонзор на нарко-картели, кои се цели крими-војски, многу повеќе од мафии, мислам дека се нема престава. Тие роварат по САД и внесуваат дрога од која потоа умираат стотици илјадници амер.граѓани годишно, па вршат шверц и со луѓе за нелегална имиграција, сосе и како мулиња за дрога, за проституција, сосе и детска/педофилска и сл.

 

Друг бизнис им е и нелегално внесување оружје за крими активности во САД. Јасно, и ова со низа разорни последици по земјата, тероризираат по гранични градови и населби, а сеʼ повеќе по цели делови од градови и население повнатре во САД, пукаат, убиваат, сечат прсти и други делови од тело, ма глави и трудни женски стомаци, ако не се соработува со нив или ако се соработува со власта, пресметки со и меѓу дилери, што сеʼ не.

 

И како да е тоа малку, режимот дозволува тренинг-кампови за терор-организации спонзорирани од држави чија официјална политика е “Маг бар Америка” ( “Смрт на Америка”) – Иран, значи, тренинг-кампови на спозорушите на Иран, првенствено, Хезболах, но и Хамас, а дел од тие потоа се обидуваат да влезат во САД со истите шверц врски и да градат терор-мрежа, да вршат терористички напади и да креираат низа други безбедносно смртоносни закани (организирање други такви ќелии, индоктринација, регрутација).

Еве, најавија судење, сеʼ ќе им извадат.

 

Оти се “послаба земја” ок е сето тоа да прави? Оти тоа го прави врз “посилна земја”, па уште на САД , а не врз Кина, Русија, па досега мераци и сеири, а сите знаат, а некои и буцкаат и помагаат? Не треба многу да нагаѓаме што они би направиле, далеку повеќе од едно вакво ин-аут, а и има слични примери за како Русија и Кина се справуваат.

 

А очекувано е Русија и Кина вака да глумат “загрижени”, режимот на Венецуела им е пајташ за ослабување на САД, за роварење по западна хемисфера, за пристап и контрола на нафтените ресурси и понудата/побарувачката/цените. Секако не за доброто на еврозападното граѓанство, каде, за дезориентираните, и ние припаѓаме.

 

По памет на некои од овие други геополитички актери, зошто, на пример, Венецуела да произведува повеќе (тоа “социјалистичкиот режим” им ги има урнисано капацитетите по национализацијата) и тоа да биде мотор за благосостојбата на економиите на сета западна хемисфера, но и пошироко, кога можат тие да бидат позависни од руски и арапски извори, вклучително и Европа, со сеʼ што тоа подразбира ( иако, Русија, кај и да е, ќе мора да се прибере кон геополитичкиот запад), а и зошто Кина да не може да се понуди “да помогне” и да си се инсталира? Си знаат они убаво што е добро за нив, работата е дали ние си знаеме за нас?

 

Уште повеќе, затоа што не нашле , па зашле, како вели нашата народна мудрост. Ние сите по Европа сме си налегнати на тоа дека сите други по светот, па уште (наводно) “послаби”, се добри актери, кои го берат и нашето гајле и добро, а не само своето, а и дека многу од работите што ги земаме здраво за готово, сосе и редовните ни удопства, ма, ич не се во директна зависност од тоа што го обезбедува САД во големата слика и баш поради, метафорички кажано, заветрината на крилјата на американскиот орел.

 

Европјаните/евро елитите, за жал, ич да не се мерило за ова, они се однесуваат како “секој ден да е празник”, ма “годишен одмор од историјата”, а и експерти само да попуваат, а веќе сериозно не си ги вршат основните државни функции за заштита и благосостојба на сопственото граѓанство, што ич не оди на добро (има и во САД тоа, но, засебна приказна). Меѓу другото, затоа и победи Трамп и има сеʼ повеќе таков растечки политички ефект и за во Европа. Всушност, и Европа треба пронто да се прешалта и да почне подрастично за такви шверц- канали кои го разоруваат нашиот европски дом одвнатре, секој ден сеʼ повеќе. Соочување ќе има со таквите проблеми , прашањето е со каква драстичност и цена ќе биде, ако и натаму се става на игнор. Патемно, за тоа и ние тука треба дебело да му ја мислиме, нашата земја е канал и логистика на такви групации, дури си ги имаме такви браќа и сестри, сосе инфилтрирани и во државните структури, за ептен онака одвнатре да работат за антиевро и антизападни интереси, а во корист на други геополитички актери, некои не само конкурентски за превласт во светски размери, туку за наше цивилизациско уништување, ма за, аш, скрос да не снема.

А што прават Европјаните? Ај ќе глумиме лудило со нови Шенген-бирократии, па мигрантски центри од шупло во празно и други проекции на сеопшта слабост, небаре, животно кое крвари, а се знае како е со (тие по) “законот на џунглата” ако им сигнализираш слабост. Ама, ние си проживеавме на грбот на жртвите и кумулираното творештво на генерациите пред нас, ќе си позираме сите “мис на светот”, за сеʼ тоа другото нека му ја мислат децата, внукот, внуката…

 

И нека не се глуми лудило за нафтата, ни под точка разно не смее да се дозволи таков ресурс на западната хемисфера да биде под туѓа капа, а не на самиот Запад, па уште во услови кога си во позиција на над/моќ да браниш. Да биде поголемо полноглавството, САД си имаат домашни извори и резерви колку сакаш, ако мора сеʼ да се активира, ако дојде дотаму чеканот-наковалната, повеќе е за економијата и благосостојба на целината на геополитичкиот Запад, сосе и за Европа, за европските економии, компании, социјални држави и граѓанство.

 

И, не, не сме ние “како другите”, нашата насушна живеачка и добросостојба, ма самото постоење на државата, е во директна зависност од добрата живеачка и благосостојба на САД. Како се вели, не дај боже, ним да им се затемни и малку, нас тука каков мрак ќе не покрие. Тоа е алфа и омега на нашиот егзистенцијален интерес. Секоја друга алтернатива е само од лошо-полошо за нас, без оглед што некои сакаат да не намамат на друго, како полесен плен за нив.

И треба да сфатиме, овој меѓународно-правен поредок е инсталиран од САД и пост-ВСВ ефектуира значителен мир и просперитет, како никогаш претходно во историјата. Но, тоа не значи дека на сите во светот им е по кејф или дека се пронаоѓаат во вредностите врз кои е заснован или дека го почитуваат, тоа ние сме само во тој филм. Напротив, речиси две третини од планетата баш ги “заболе”, ма и туѓи им се, а некои би сакале да биде светот по нивни вредности и правни поредоци. Кина сигурно би построила по свое, а за т.н муслимански свет не постои друг повисок правен поредок од шеријатот, а овој “инфиделскиот” на Америте е за присуство и рушење однатре, тоа му е “слабоста”, зошто да не ја експлоатираат максимално за субверзија? Секако, по нивни математики, сеʼ додека Амери се тоа што се, ќе мора да го “трпат” еврозападот како водечки, со истовремено “вредно работење” да го срушат, што, патем, не се прави воено, најмалку така, оти , нели, воено е силен таргетираниот за жртва, туку на сите други можни начини, дел имплицирани и тука.

 

Да не заборавам, некои спомнуваат Гренланд во коментари, ма Трамп ќе го присвојувал, сето по иста матрица на мозгање. Тие што пишуваат тоа, дали знаат дека САД и сега имаат воена база таму и дека токму таа го “грее” Гренланд за Данците и за народот таму? Зошто не се сфаќа од прва дека Данска, како мала земја и далеку од таму, не го може тоа? Данците сами тоа го сфаќаат, затоа и амер.база таму. Тоа го сфаќаат и во Исланд (немаат свои вооружени сили, туку амер база во Кефлавик, членство во НАТО, ај да ве видам сега), да не ги редам сите други по свет, неспоредливо во подобра позиција од нас, сеʼ даваат Амери да им бидат сместени, сосе и со воена база, ма богати држави, а држави-протекторати.

Ама ние сме си уште во филмот на демек “неврзаните”, ма митот за моќната ЈУ која сите ги вртела на мал прст и по инерција не можеме да намалиме на умислени суверенистички его -себепроекции, далеку од што ни е силата, која, патемно, треба да ја чуваме за таму и тоа што се брои, сосе и инфлаторно со прикачување за единствените кои докажано и во континуитет не бројат за живи низ цела нивна и наша историја и кои, за наша среќна ѕвезда, имаат суверен мускул без конкуренција на планетата.

Налет што и тоа тогашното-ЈУ неразбрано како треба во таквиот историски контекст. Индија (Нехру) и Египет ( Насер), а и сите тогашни “неврзани” пајташи, ич не си биле “врзани” со други, комонвелти, протекторати, за свој интерес и безбедност, секако, за чии други? Ма на некои дури и сега им е топ да си бидат само со статус на територии (државноста подразбира и многу обврски), па кондоминиуми на држави, итн. Да не ни го бере гајлето некој друг по светот, како меѓународно право ( а сега секој “знае” тоа и “што пишувало во него”, ма и што надлежности имал Совет за безбедност врз државите, ма умислено за рамно на “држава над државите”, па уште и без абер кои сеʼ држави може да станат членки во него и кој-колку импут има во ООН -системот за да го биде воопшто, оф леле, каде со таков елементарен босотилок за преживување во светот) или како европско право, па уште за прашања на постоење на држави, нивен суверенитет, мир, безбедност, па сеʼ другото по ред? Ни од свое искуство ич не учиме.

 

Нејсе, “Трамп ќе го присвојувал Гренланд”, ама онака случајно игнор на контекстот на корзо на руски и кинески воени подморници и бродови. Што бараат таму? Оти се менува техниката и технологијата, а и климата, па му согледуваат потенцијал? И по памет на некои, Гренланд , исто во западна хемисфера, да се остави да биде за нечиј туѓ плен? Така нека си мислат тие што се граѓани на Кина и други, тие што се евро, белким треба за себе прво? Или, премногу индоктринирани за обратното, прво за “цел свет” и “другите”, па после за нас? Што убаво од нас, а другите така исто тераат? Ако следите, ни се фура дури и дека треба сите други да ги плачеме, дури и тие што апла зло ни мислат и планираат, само не себеси и своите. Ако лошо или трагедија неʼ задеси нас по Европа и Запад, одма имаш прозивки и мерења, кој колку сме жалеле, а најмалку сме требале за по наш двор да жалиме, па миц по миц, тоа да си го прифаќаме како нормално, со ќутенка, без отпор и заштита, ма и на игнор, сосе и за најдушмански напади и од најнепријателски актери, дома ни упаднати, а некои дури и туку-така пуштени да влезат.

 

Хипотетички, ако бидат нападнати, во најширока смисла, од кого Гренланд и Данска ќе бараат помош?

Да не беа САД таму, кој ќе се инсталира таму? За ресурси, навигации за авио и поморски сообраќај, метеорологија, итн. ? Ама, некои изгледа си мислат, сеʼ тоа самовилите, ние само отвори апликација на телефон, влези во самопослуга од пиле млеко и икс други работи за кои друг свет е подготвен да те “заколе” (сосе и без наводници!) за да ти го земе, да му се може. Ма, колку покомотно, толку помрзлива памет, поарогантно во наивноста на (демек) “посилниот” и “привилигираниот”, психички на ретардација на детска психологија за како е по светот.

 

Кумулативно, ептен змозгано, ма ок е тоа што режимот на Венецуела и други го повредуваат суверенитетот на САД, на Европа, ама, скраја, ако они реагираат и превземат нешто контра тоа, самоодбрана , самопомош , реторзија, итн. Е, ај погодете, што го движи тој порив, па какви мотиви, агенди, политики и идеологии? Уште поважно, што вам ви намерачуваат во сето тоа и кои ќе бидат последиците по вас од сето тоа, од државност и државно-правни режими под кои сакаат да ве врамат, под какви идеолошки и (гео)политички матрици, па сеʼ другото натаму? Не е и дека многу го кријат тоа, напротив, се кажува како целна агенда, само да “падне” тоа “сатаната Америка”, вие тука ќе им бидете прошетка низ парк.

 

Конечно, уште нешто за фамата со ресурсите што се шири. Не е само да ги имаш. Треба да знаеш дека ги имаш, еее, колку знаење, техника и технологија само за тоа треба. Сега нешто, нели, “сите знаат” какви резерви нафта имала Венецуела . Е како знаат, од кој сето тоа, како и од кого се дошло до тоа фамозно знаење? Па откога ќе узнаеш и лоцираш, ти треба уште бајаги друго знаење, техника, технологија и ресурси за сето тоа да почне да има било каква употребна вредност. Се има ли појма што сеʼ тоа подразбира, што сеʼ ти треба?

Може некој треба да седне и да проучи и како Венецуела со толку ресурси има толку сиромашен народ и најголем удел во светската популација на бегалци, чинам, 9 милиони, ефективно, третина од граѓанството? Што им се случило и на тие капацитети што некој друг им ги изградил, откога ги превзел режимот? На толку “пливање во нафта”, како тоа режимот се доведува во ситуација да стане нарко- држава, да шверцува нелегална имиграција во сите форми, сосе и најкрими, и да си дава златна земја на вересија кај режими, ни помалку ни повеќе, како на тој на Иран, како и на терор-групи како Хезболах (всушност, терор-армија, покапацитетна од многу евро армии, а и цела политичка структура) и Хамас?

 

Фејсбук статус на професорката Каролина Ристова Астеруд

Најнови вести од: Колумни

Ова се опасни времиња – да ги збиеме редовите

Противник сум на параноја и гледање опасност од сите страни, ама во исто време сигурен сум дека не смееме да се однесуваме индиферентно и да се залажуваме со илузии дека сме премногу мали и неважни па со самото тоа и безбедни во вртлогот на промените кои се случуваат на светската сцена

Војдан Чернодрински: Никогаш да не се заборави македонскиот јазик на нашите прадедовци и на кој ќе зборуваат и сите идни поколенија во Македонија!

Македонскиот драматург Војдан Чернодрински среде Софија пред 125 години ја изведе „Македонска крвава свадба“, својата прва драма на македонски јазик, за кој денес таа иста Софија вели дека „не постои“, или дека „е достапен јазик“, или го прикажува со брутални фалсификати како да е „дијалект на бугарскиот јазик“! Премиерно изведена во главниот град на Бугарија во 1900 година, „Македонска крвава свадба“ стана симбол на македонската борба за национална афирмација и културна самобитност на македонскиот народ, но и трајно сведоштво за постоењето и творечките дострели на македонскиот јазик. Војдан Георгиев Чернодрински е првиот македонски драмски автор, во чии дела прозвучува македонскиот јазик. Неговата заложба за почитување на македонскиот јазик ја практикувал и во неговата театарска група.  Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Со своите патриотски ставови за македонскиот јазик и идентитет здобил големи симпатии кај македонскиот народ. Денес се навршуваат 75 години од смртта на Војдан Поп Георгиев Чернодрински, кој се вложи себеси и своето творештво во служба на македонската кауза, на македонскиот јазик и идентитет.  

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

To top