Колумни

„Журнал“: Дали е несериозна РСМ околу прифаќањето на условот за влез во ЕУ дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот, a Tито ги создал Македонците?!

„Постојат некои услови, што мора да ги исполни секоја земја, која е заинтересирана да стане дел од големото европско семејство. Дали зборуваме за услови, кои се исполнуваат тешко, или за несериозност од страна на земјите-кандидатки воопшто, а особено од нашата земја? Ова се дискутабилни прашања. Официјална Софија бара од Скопјe да ги прифати бугарските барања […]

„Постојат некои услови, што мора да ги исполни секоја земја, која е заинтересирана да стане дел од големото европско семејство. Дали зборуваме за услови, кои се исполнуваат тешко, или за несериозност од страна на земјите-кандидатки воопшто, а особено од нашата земја? Ова се дискутабилни прашања. Официјална Софија бара од Скопјe да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот јазик и оти македонскиот народ е создаден од Јосип Броз Тито, но и бугарскиот народ да биде вклучен како составен дел од Уставот на С.Македонија. Заради ова се бара РСМ да го промени уставот, но тоа не може да се направи, бидејќи се потребни две третини од гласовите на пратениците во Собранието.“ – нагласува информативната агенција на албански јазик Журнал во својата редакциска анализа со наслов „Се прослави Денот на Европа, но кога ќе се прослави и почетокот на преговорите со ЕУ?“.

„Журнал“ пишува: Денот на Европа, 9 мај, е датум кога се  одбележуваат мирот, единството и визијата за заедничка европска иднина. С.Македонија, како земја која се стреми кон членство во ЕУ, го славеше овој ден со надеж дека тој ќе има наскоро значење и практична смисла. Го славевме денес овој празник, но кога ќе се прослави и почетокот на преговорите со ЕУ?

Патот на С.Македонија кон Европската Унија

Денот на Европа, 9 мај, е не само симбол на единството на европскиот континент, туку и точка на размислување за земјите, кои продолжуваат да веруваат и да работат, за да станат дел од овој сојуз. Нашата земја ја изразуваи уште еднаш својата посветеност да биде дел од европското семејство.

За С.Македонија, патот кон ЕУ станува долг и честопати тежок. Сепак, посветеноста на реформите, почитувањето на европските вредности и институционалната стабилност покажуваат дека земјата е подготвена за следниот чекор, почеток на вистински преговори за членство. Ова останува заеднички сон на граѓаните и институциите, кој заслужува да стане реалност. Сепак, институциите ја сносат одговорноста да го остварат овој сон.

На овој Ден на Европа, се поставува и прашањето: кога ќе дојде моментот С.Македонија официјално да го прослави почетокот на преговорите со ЕУ? Ова е момент, кој припаѓа не само на историјата на нашата земја, туку и на вербата во Европа, која ги одржува своите ветувања и ја поддржува нашата заедничка иднина. Дотогаш останува непоколеблива вербата дека нашата земја ќе го заземе своето заслужено место на рамноправната маса на европските држави.

Полноправното членство во ЕУ останува да биде следен предизвик за РСМ

Дали апликацијата и интересот на една земја сами по себе се неопходни, или доволни за пристапување во ЕУ? Секако дека не. Постојат некои услови, што мора да ги исполни секоја земја, која е заинтересирана да стане дел од големото европско семејство. Сепак, за какви услови зборуваме? Дали зборуваме за услови, кои се исполнуваат тешко, или за несериозност од страна на земјите-кандидатки воопшто, а особено од нашата земја? Ова се дискутабилни прашања.

Најголемата пречка за недобивање датум за почеток на преговорите со ЕУ за С.Македонија е бугарската држава. С.Македонија и Бугарија имаат напнати односи, поради историски спорови. Официјална Софија бара од Скопјe да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот јазик и оти македонскиот народ е создаден од Јосип Броз Тито, но и бугарскиот народ да биде вклучен како составен дел од Уставот на С.Македонија. Заради ова се бара РСМ да го промени уставот, но тоа не може да се направи, бидејќи се потребни две третини од гласовите на пратениците во Собранието. – наведува „Журнал“ во својата редакциска анализа.

Најнови вести од: Колумни

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top