Коментари

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен и речиси романтичен пристап кон тешката реалност, низ која минува партијата. Но, во политиката заминувањата не се случуваат случајно. Тие секогаш се резултат на погрешно раководење со партијата, поради недостиг на слушање на членството и структурите на партијата!“ – констатира информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата редакциска анализа со наслов „По масовното заминување од Алијансата за Албанците Таравари се предава: „Ние сме победниците во октомври!“

Натаму порталот пишува: Реакцијата на Таравари уследува по по масовното напуштање на АА од страна на истакнати личности и посветени членови на оваа партија, кои јасно се дистанцираа од одлуката на Таравари да ја напушти владата – одлука донесена без внатрешна расправа, без транспарентност и без почитување на партиските структури. Ова донесе не само длабока криза на самодовербата, туку и видлива поделба, што повеќе не може да се крие зад нејасни слогани како „гордо сме посилни од кога било“.

Иронично, наместо да размисли за ситуацијата или да даде нов правец, Таравари одлучи да ја заврши својата реакција со фразата: „Не заборавајте: ние сме победниците во октомври!“, потсетник на поранешната победа, која сега се чини дека е сè подалеку од моментната реалност на партијата која се намалува секој ден.

Вообичаената реторика за „единство“, „сила“ и „гордост“ е во длабока спротивност со реалната слика за поделена структура, исцрпена од внатрешни превирања и раководење без визија. Во политиката минатите победи не се доволни  да ги покријат сегашните загуби, особено кога загубите се самонанесени.

Дали ќе може да се возобнови Алијансата за Албанците на Таравари  по оваа криза? Или ова е крајот на едно посакувано политичко поглавје, кое сега се затвора со молчење и слогани? Времето ќе покаже, но едно е јасно: во политиката заминувањата не се случуваат случајно. Тие секогаш се резултат на погрешно насочување и недостиг на слушање. – заклучува „Инфошќип“ во својата редакциска анализа.

Најнови вести од: Коментари

Нетпрес: Излезот на Таравари од владата не влијае врз нејзината стабилност, туку ѝ ги зацврстува позициите, оти излезе можниот дестабилизатор!

„Излегувањето на Арбен Таравари од Владата нема апсолутно никако да се одрази од врз нејзината стабилност на Владата. Дури, уште повеќе, се чини дека би се зацврстила во позициите, откако од неа истапува можниот дестабилизирачки чинител!“ – оценува информативната агенција Нетпрес во својата анализа со наслов „Пребегот на Таравари не допира до стабилноста на Владата“. „Нетпрес“ пишува: […]

Четиринаесет години “Плусинфо”: Честитки колеги

Промовирање на демократијата, човековите права, либералната економија, мултиетничкиот карактер на земјата, евроатлантската ориентација и целосната посветеност на македонските стратешки национални интереси беа и остануваат основи на уредувачката политика на порталот „Плусинфо“ во овие 14 години по 365 дена и во десетици и десетици информации, анализи, коментари, интервјуа…биле задача и цел на екипата предводена од основачот […]

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%! Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот […]

Премиере, не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца!

Ужасната трагедија во Кочани ги запре напорите на владејачката коалиција да спроведе кадровска реформа на клучните позиции во правосудството. Имав целосно разбирање за фактот дека во околности кога целата нација беше во жалост и гневна поради она што се случи во Кочани, промената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пример, ќе беше разбрана како […]

Круме Кепески ја развиваше свеста на Македонецот за македонскиот идентитет и јазик, јазикот на Кирил и Методиј, на Климент и Наум

На 8 април 2025 година, по повод 116-тата годишнина од раѓањето на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески (8 април 1909 во Прилеп, — 3 ноември 1988 во Скопје), во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше претставена книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, ќерка на Круме Кепески, како издание на „Македоника […]

To top